Олдтајмерот од култниот филм „Казабланка“ бара нов сопственик. Buick Phaeton од 1940 година, со кој Хемфри Богарт и Ингрид Бергман се возат на крајот на филмот се цени на половина милион долари.
Колекционерите на олдтајмери имаат одлична можност да купат вредно парче од историјата на филмот. Buick Phaeton од 1940 година, од завршната сцена на филмот „Казабланка“, во која што Хемфри Богарт и Ингрид Бергман патуваат до аеродромот, оди на наддавање на крајот на ноември со почетна цена од половина милион долари. Автомобилот му припаѓаше на студиото Warner Bros и се има појавено во уште дузина филмови.
На љубителите на олдтајмери може да им се посреќи и во аукциската куќа Coys. Британците пронајдоа два исклучително ретки примероци на Jaguar. Станува збор за E-Type и XK 120, од кои првиот потекнува од најраната серија од 1961 година, а од 1974 година се криел во штала во Леман, додека вториот е откриен во магацин во британскиот Есекс. Аукционерите очекуваат дека обата автомобила ќе постигнат висока цена. Откако Jaguar E-Type го прослави 50-от јубилеј во 2011 година, владее огромен интерес за раните и оригинални примероци од моделот.