Автомобилот на струја на BMW ќе чини 30.000 евра

Компактниот модел со погон на струја i3 ќе чини исто колку лимузина од серијата 3, открива Лудвиг Вилиш, извршен директор на BMW во САД.

Точната цена на автомобилот со напредна технологија на баварскиот производител ќе биде позната при претставувањето на моделот кое што се очекува кон крајот на годината. За зголемување на автономијата, односно за овозможување на подолги релации на возење, BMW i3 може дополнително да се опреми и со двоцилиндарски бензинец со зафатнина од 0,65 литар, кој ги полни батериите на возилото. Оваа моделска изведба ќе биде поскапа од стандардната, со погон само на струја.

На поголемите светски пазари кои покажуваат свест кон животната средина ќе постојат и посебни олеснувања, односно субвенции за возилата без емисија на штетни гасови. Конкретно во САД, како еден од позначајните волуменски пазари за BMW, се очекува цената на моделот со погон на струја да се субвенционира во висина од 7.500 долари, што секако ќе го направи автомобилот уште подостапен за поширокиот круг купувачи.

Сопствениците на моделот со стандарден погон на струја ќе имаат можност да го изнајмат бензинскиот мотор за продолжување на автономијата. Вилиш не ги открива деталите околу цената, но потврдува дека оваа услуга ќе биде дел од пазарниот концепт на BMW i3.

Претходна објаваИнтервју: Хуберт Валтл за производствената стратегија на новиот Golf
Следна објаваАвтомобилот што ќе го преживее крајот на светот

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here