за

Автоиндустријата потрошила две милијарди евра во реклами

Марка што платила најмногу за реклами во 2013 година е Volkswagen, со 245,8 милиони евра, а најрекламиран автомобил во минатата година е Ford Fiesta.

Сите производители на автомобили во светот во 2013 година потрошиле вкупно 2,2 милијарди евра во реклами. Бројката ќе беше и уште поголема, доколку производителите не го потстегнаа буџетот. За 5,5 проценти е намалена инвестицијата на автомобилските гиганти во реклама. Во сумата влегуваат трошоците за реклама на телевизија, во печатените медиуми, на интернет, на радио и во кино салите.

Најмногу за реклама во 2013 година има платено Volkswagen. Концернот потрошил 245,8 милиони евра на име на маркетинг. Со голем заостаток на второто место е Mercedes со 145,5 милиони евра, пред Audi со 142,7 милиони евра. Четвртото и петтото место им припаѓаат на Ford (129,7 милиони евра) и Renault (120,9 милиони евра). Најмногу пари за реклама на еден модел се дадени за Ford Fiesta. Американците потрошиле 34 милиони евра само за реклама на овој популарен модел.

Најголемиот дел од парите за реклама во минатата година се потрошени за телевизиска реклама. Производителите инвестирале 795,7 милиони евра, што претставува пад од 5,2 проценти во споредба со претходната година. За маркетинг преку огласи во дневни весници се потрошени 426,2 милиони евра, додека за специјализираните магазини биле одвоени 300,7 милиони евра. Автомобилските концерни потрошиле 329,6 милиони евра за реклама на интернет.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Jeep Jeepster ќе има премиера во Женева

Mitsubishi е повторно на патот на успехот во Европа