На настан организиран во духот на Би-би-си Топ Гир, колегите од САТ Медиа, главно познати по емисијата САТ што ужива висока гледаност и меѓу македонската публика, организираа уште едно доделување на наградите за најдобрите автомобили во Србија, според гласови на жирито и според публиката, што сите 24 модели претходно ги испроба на тркачката патека Навал. Тоа што победи М-Херо 817, не мора да биде толку големо изненадување.
Две дузини автомобили се натпреваруваа годинава за да го освојат Српскиот автомобилски трофеј. Тоа што го прави овој избор единствен и прифатен, го напомена уредникот на емисијата САТ и соосновач на САТ Медија Група, Младен Алвировиќ, околу прогласувањето на победниците: „Тоа не го тврдиме ние, туку нашата публика, којашто е жири“.
Уредникот на ревијата САТ Плус, Дарко Гигиќ, дообјасни дека публиката не гласала за сликички што ги видела на интернет, туку „публика што дојде во центарот Навак и навистина ги возеше сите овие автомобили.“
САТ придаваат големо значење на повиканоста на публиката да даде свое мислење и глас за најдобрите автомобили, па господата Младен и Дарко меѓу другото направија и прошетка низ паркингот, за да ги погледнат автомобилите со коишто пристигнале учесниците во овој избор. Понатаму, повеќе од половината од жирито се возачи подолго од 20 години, што исто дава тежина на изборот.
Независно од исходот од гласањето на публиката-жири, автомобилските експерти од нашето соседство ги рангираа своите фаворити во делот на изборот што им припаѓа на новинарите. М-Херо 817 е прв избор на Славољуб Александров (Ревија САТ Плус), пред РАВ4 и Опел Астра. Колегата кажува дека „не постои врв во Србија, до којшто не можам да стигнам со М-Херо“.
Истиот суд го имаат и ветеранот Павле Барта (Ревија САТ Плус), Дарко Гигиќ, додека Младен Алвировиќ им даде предимство на Тојота РАВ4 и Рено Клио, но М-Херо 817 пак е на подиумот.
Според гласовите на публиката, М-Херо 817 ја понесе титулата со 42842 гласови, пред Чанган Дипал С05 и Чери Тиго. Глвната награда од новинарите исто така ја понесе М-Херо со 1.702 бодови, пред Тојота РАВ4 и Рено Клио.
















