
Акциите на Нисан нагло ја зголемија вредноста при затворањето на берзата на 5-ти ноември, во време кога инвеститорите се во неизвесност дали ќе успее пресвртницата на извршниот директор Иван Еспиноса.
Вредноста на акциите порасна за 10,5 проценти на берзата во Токио, достигнувајќи 293 јени, што одговара на 1,85 долар.
Во претходниот ден, акциите на Нисан паднаа под досегашниот минимум од времето на големата рецесија во 2009 година, на 256 јени (1,61 долар). Според јапонскиот дневен весник Никеи, тоа е најниското ниво во последните 51 години.
Акциите на Нисан Мотор Ко. годинава изгубија 25 проценти од вредноста, односно околу 17 проценти откако Еспиноза во април 2025 година го презеде раководењето со јапонскиот производител.
Наспроти тоа, акциите на Тојота Мотор пораснаа 3,9 проценти од лани, додека акциите во Хонда Мотор вредат 25 проценти повеќе, по првичниот пад откако беше извршено целосно реструктурирање на бизнисот со електрични возила.
Еспиноза на 11-ти ноември ќе соопшти колку досега e делотворен неговиот план за реструктурирање, при објавувањето на деловните резултати на Нисан за тромесечјето од јули до септември. Еспиноза веќе една година го спроведува планот за реструктурирање, којшто опфаќа затворање фабрики, скусување на бројот на работни места и забрзан развој на нови модели.
Под раководство на Еспиноза, Нисан го заклучи првиот фискален квартал, што заврши на 30-ти јуни, со нето и оперативна добивка.
Компанијата очекува дека во тековната фискална година, што завршува на 31-ви март 2027 година, повторно ќе бележи добивка. Директорите се во трка со времето да го сопрат наглиот пад во продажбата и дотрошувањето на паричните резерви, како и да ја освежат понудата од модели.
Во август, Нисан сепак ги спушти прогнозите за годинава, предвидувајќи дека светската продажба годинава нема да се смени и ќе остане на ланските 3,15 милиони возила.
Според претходните прогнози, Нисан требаше да ја заврши годината со продажба зголемена за 4,7 проценти, со 3,3 милиони возила.
Во првото полугодие од тековната фискална година до 30-ти септември, светската продажба на Нисан опадна за 4,7 проценти, на 1,41 милион возила.
Овој пад во најголем дел се должи на ослабнатата пртодажба во Кина. Тоа ја зголемува зависноста на Нисан од пазарот во САД, каде што продажбата растеш досега. Кинескиот пазар регистрираше 15 проценти помалку возила на Нисан, со 237.458 возила во периодот од април до септември, додека продажбат во САД забележа раст со 469.215 возила, односно 5,5 проценти повеќе.
Онлајн-каталог со податоци и цени за сите нови автомобили на македонскиот пазар АВТОСАЛОН.МК
















