
Предвидувањата на третиот најголем производител на автомобили во Кина отстапуваат значително од оптимистичката прогноза за раст од 2 години, што пред само еден месец ја објави кинеското здружение за патнички автомобили.
Ан ја објави својата прогноза на 29-ти октомври, при објавувањето на растот од 9 проценти во чистиот приход во првите три квартали и зголемување на светската продажба за 3 проценти.
„Многумина се прашуваат околу предвидувањата за кинескиот пазар в година. Можеме да бидеме сигурни единствено во тоа дека пазарот ќе опаѓа,“ кажа Ан.
Предвидувањата на Ан се темелат врз фактот што продажбата на нови патнички автомобили на домашниот пазар годинава бележи двоцифрен пад. Во првите три квартали, продажбата на нови автомобили на кинескиот пазар опадна за 22 проценти, во споредба со 13,3 милиони возила што беа продадени лани, соопшти кинеското здружение за патнички автомобили.
Кинеските производители на автомобили очекуваат дополнително забавување на побарувачката за нивните возила, а дополнително и Европската Унија најави чекори за забавување на увозот на електрифицирани возила од Кина.
Ан цени дека „домашниот пазар достигна степен на заситеност.“
Аналитичарите во Џеј Пи Морган, во извештајот од 29-ти септември, предвидуваат дека побарувачката за возила во Кина в година ќе опадне 5 проценти.
За Џили да се соочи со овие предизвици, Ан кажа дека ќе вложи напори да го зголеми пазарниот удел и да ја сочува профитабилноста, со тоа што ќе нуди подобра технологија и конкурентност.
Аналитичарите го припишуваат долготрајниот пад на кинескиот пазар како последица од смалените субвенции при замена на старо со ново возило, потоа на новиот данок при купување електрифицирани возила, скапите горива поради војната во Иран и смалените можности на потрошувачите во време додека слабее домашната економија. Трговската комора очекува дека годинава ќе заврши со пад од 22 проценти во продажбата.
Во меѓувреме, извозот на автомобили од Кина порасна 75 проценти, достигнувајќи 7 милиони возила во првите девет месеци.
Џили се подготвува за отежнат извоз поради новите мерки на ЕУ
ЕУ се најголем извозен пазар за кинеските автомобили, со раст од 87 проценти во првите три квартали и вкупно 1,83 милион возила. Од нив, околу 1,33 милион се електрифицирани возила (БЕВ, ПХЕВ), што е двојно повеќе од лани, соопшти кинеското здружение за патнички автомобили.
Извозот ќе се соочи со нови предизвици.
Откако во 2024 година воведе царини за електрични автомобили што се произведени во Кина во висина до близу 45 проценти, Брисел е на пат да одреди строга квата за кинески хибриди и приклучни хибриди, почнувајќи од следната година. Се планираат и нови правила, со услов одреден процент од вредноста на деловите што се вградени во возилото да бидат произведени локално, за да може да се добие субвенција за тие возила.
Онлајн-каталог со податоци и цени за сите нови автомобили на македонскиот пазар АВТОСАЛОН.МК

Ан кажа дека Џили ќе излезе во пресрет на тој предизвик со зголемување на локалното производство. Џили е во „предност“ во тој поглед, благодарение на тоа што матичната холдинг групација Џеџанг Џили поседува неколку европски производитители на автомобили. Тие партнерства ќе бидат од голема корист, кажа претседателот.
Надвор од Кина, Џили го користи прекумерниот производствен капаците на своите партнери, со што го смалува ризикот и може да реагира побрзо, отколку допрво да гради фабрики, кажа Ан.
Во август, Ам кажа дека Волво, што холдингот Џеџанг Џили го купи од Форд во 2010 година, ќе произведува „премиум модели“ на Џили во Европа, почнувајќи од 2028 година. Шведскиот производител соопшти на 23-ти октомоври дека ја „разгледува можноста“ за возила на Џили да се произведуват во фабриката во Гент, Белгија.
Во јули, Џили соопшти дека ќе произведува два електрифицирани модели во фабриката на Форд во Валенсија, Шпанија. Првиот модел оттаму се очекува во 2028 година.
Кои се Чанган, најновата кинеска марка на македонскиот пазар и какви модели нуди?
Профитот на Џили порасна 9 проценти, благодарејќи на растот од 3 проценти во светската продажба
Џили продава бензински, електрични и приклучни хибридни автомобили под својата матична марка. Под марката Линк енд Ко произведува премиум бензинци и приклучни хибриди, како и премиум електрични возила за марката Зикр.
Во првите три квартали, чистата добивка е зголемена за 9 проценти од лани, во вредност од 2,1 милијарди долари, со раст од 13 проценти во прометот, што достигна 41 милијарди долари. За тој раст во најголем дел е заслужен зголемениот извоз.
До септември, Џили испорача 3 проценти повеќе возила на светскиот пазар, со 2,24 милиони возила. Извозот од Кина порасна 169 проценти, со 798.000 возила.
Во тој период, Европа беше најголем извозен пазар на Џили, со продадени 310.000 возила. Европа учествува со 39 проценти во вкупниот извоз на Кинезите.
Во Источна Европа се продадени 170.000 возила, додека преостанатите 140.000 на западно– и северноевропските пазари.















