Канада се откажува од тешки пикапи, преоѓа на електрични возила

Во третото тромесечје, канадскиот автомобилски пазар забележа раст во продажбата на електрични возила, наспроти забележливиот пад кај пикапите.

Киа ЕВ3 е најдостапниот електричен автомобил во Канада, со цена од близу 40.000 канадски долари, односно околу 25.000 евра

Електричните возила го движеа канадскиот пазар на нови автомобили во третото тромесечје, надоместувајќи го мирувањето во вкупната продажба на возила во земјата, во време кога се заострува трговската војна со САД и купувачите бараат поевтино.

Возилата со електричен погон освоија близу седум проценти од пазарот во Канада во периодот од јули до септември. Кога на тоа ќе се додадат приклучните хибриди, уделот се зголемува на 10 проценти.

Тој подем на ЕВ ги изненади и бизнисот и експертите. Електричните автомобили стануваат сé подостапни и помалку време стојат на плац, во споредба со целиот пазар.

Истражувањата покажуват дека цените на ЕВ во 2026 година паднале три проценти, додека целиот автомобилски пазар во земјата бележи раст во цените од 1,5 процент.

Новите електрични модели што доаѓаат на пазарот се подостапни, а воедно и изборот од модели расте постојано. Субвенциите само малку ја поттикнале продажбата, главниот поттик доаѓа од подостапните ЕВ модели.

Меѓу најдостапните модели е Нисан Лиф С со цена од 37.966 канадски долaри, што одговара на околу 22.000 евра, заедно со транспортни трошоци, додека Киа ЕВ3 стартува од 39.744 канадски долари (околу 25.000 евра, со испорака). За двата модели следи државна субвенција во висина од 5.000 долари, односно околу 3.150 евра.

 

Нисан Лиф

Електричните возила стојат покусо на плац

Во третото тромесечје, новите возила стоеле на плац во просек по 57 денови пред да бидат продадени. Наспроти тоа, просекот кај електричните возила е 40 денови.

Џенерал Моторс во изминатиот период продал 2,5 проценти помалку возила, но затоа има раст од дури 118,6 проценти кај електричните возила. Главно се бараат електричните модели на Кадилак, Шевролет Еквинокс, Болт и Силверадо.

ГМ продава најмногу електрични возила во земјата, затоа што моделите се најблиску до тоа што го бараат канадските возачи, односно достапни цени, долг досег, пристап до мрежа од полначи и сервисна поддршка.

Шевролет Болт постигнал околу 6.500 продажби, што ги изненади сите.

Од специјализираните марки за ЕВ, Тесла напредувала 40 проценти со 17.410 взоила, додека Ривиан има раст од 116,7 проценти и околу 2.600 возила.

Кинеската Тесла 3 е за четвртина поевтина од лимузината што се произведува во САД

Токму Тесла покажува колку е зголемено влијанието на автомобилите што се произведени во Кина и се увезуваат во Канада. Тесла Модел 3 доаѓа главно од Кина и се продава за околу 25 проценти поевтино во споредба со возилата што се произведени во САД.

Во трите месеци, канадскиот пазар регистрираше 493.352 возила, што е само 0,4 процент послабо од истиот период лани. Во септември се продадени околу 168.000 возила, што е за 3,4% над ланскиот резултат и тоа е воедно 4-ти месец во низа што бележи раст.

Липмотор Ц10 · На пат од 800 километри со електричен автомобил низ Македонија (Прв дел)

Расте продажбата на малечки СУВ

Купувачите се свртуваат кон помали и подостапни возила.

Сегментот на компактни СУВ-модели, каде што спаѓаат Хонда ЦР-В или Тојота РАВ4, останува најпродаван сегмент со удел од 33 проценти во продажбата во првите девет месеци.

Промена се случи на второто место, каде што сега се искачија градските СУВ-модели, на местото на големите пикапи. Нив им припаднале 14,5 проценти од пазарот, а приближно толку загубиле пикапите.

Тоа укажува на притисокот од високите цени што го чувствуваат купувачите. Експертите ценат дека причината за забавената продажба на големи пикапи не е тоа што купувачите се префрлиле на помали возила, туку се одложува купувањето.

Просечната цена на ново возило во првите девет месеци изнесува 49.732 канадски долари, наспроти 49.130 долари во истиот период лани. Просечната месечна рата пораснала од 901 на 930 канадски долари.

Купувачите на пикапи плаќаат поскапо

Големите пикапи поскапеа најмногу, со просечна куповна цена од 73.000 евра, место 72.000 евра. Пикапите со носечка рамка поскапеле 5 проценти, додека просекот од целиот пазар е 1,5 процент.

Производителите повеќе ги качуваат цените кај поголемите и поскапи модели, чијшто купувачи можат полесно да го прифатат поскапувањето.

Процените се дека во Канада годинава ќе бидат продадени 1,89 милион возила, за околу 200.000 повеќе од лани.

Хонда има најголем процентуален раст со 7,1 проценти и 35.505 возила. Тојота напредувала 6,9 проценти со 60.883 возила, додека Фолксваген следи со 6,2 проценти угоре и продадени 24.890 возила.

Киа пораснала 3,1 проценти на 25.326 возила, додека кај Хјундаи има само 0,9 проценти плус и 39.286 возила. Стелантис ја одржува продажбата од лани, со 28.380 возила, додек Џенерал Моторс вкупно продале 74.101 возила.

Претходна објаваПорше планира наследничка на Карера ГТ и 918 Спајдер
Следна објаваЧанган ја донесува Нево како своја трета марка во Европа

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here