
Само тројца од секои сто возачи на електрични автомобили не задоволни или одушевени од своето возило, покажа најновото истражување на германскиот клуб АДАК во земјата. Тоа што и натаму ги вознемирува возачите се цените за полнење и чувството на безбедност на станиците.
Клубот АДАК изврши онлајн-истражување меѓу 1.060 возачки и возачи на електрични автомобили во Германија. Три четвртини од испитаниците првпат поседуваат електричен автомобил. Возилата со приклучен хибриден погон не се вклучени во анкетата.
Преоѓањето на погон на струја не им предизвикало тешкотии на повеќето. Преку 90 проценти опишуваат дека преседнувањето од автомобил со мотор со внатрешно согорување во електрично возило, како главно возило во семејниот возен парк, им било едноставно.
Тоа го објаснува високиот процент на возачи што се задоволни: 80 проценти се мошне задоволни, 27 проценти се задоволни, додека на незадоволни отпаѓа одвај 1 процент, а тоа е еден од секои сто испитаници.
Најмногу грижи околу досегот
За досегот на електричните автомобили, повеќето ценат дека тој им одговара. На повеќе од половината не им претставува проблем тоа што досегот во реални услови е помал од тој што го наведува производителот.
Но, тоа сепак им е проблем на некои возачи. Околу една чевртина (24%) ценат дека тие отстапувања се проблем и тоа по малку ги загрижува.
Возачите во Германија повеќе ги загрижува разликата меѓу досегот што се минува лете и зиме. На секоја четврта возачка или возач им пречи тоа што досегот се менува со температурата, додека на други 29 проценти тоа им пречи само повремено.
View this post on Instagram
Околу полнењето се забележува за цените и за чувството
Во поглед на мрежата од полначи во земјата, владеат спротивставени ставови. Речиси две третини од корисниците на јавните полначи се задоволни или мошне задоволни, но секој чеврти возач цени дека има простор за подобрување во транспарентноста на цените за полнење и во самите цени.
Според регистарот на сојузната агенција за полначи, во земјата на 1-ви август биле регистрирани 156.399 обични полначи и уште 55.665 брзи полначи. Тие заедно можат да испорачаат моќност од 9,22 гигавати, односно тоа е моќност на една голема хидроцентрала.
Наплатата е чувствителна тема. Корисниците најчесто плаќаат преку апликација или картичка за полнење, а преку една третина со кредитна картичка. Доколку се исти цените, една четвртина од корисниците би плаќале преку апликација или картичка за полнење.
Многумина забележуваат дека не се чувствуваат безбедно на полначите. Корисниците бараат да се постави посилно осветлување на станиците за полнење или да се воведе видео надзор.















