Мерцедес-Бенц ГЛЦ најпродаван премиум СУВ од средна класа во Европа

Мерцедес-Бенц ГЛЦ ја качи својата продажба во Европа за 25,7 проценти во првите седум месеци од годината, со продадени 78.452 возила. БМВ Икс 3 заостанува далеку со 50.365 возила, со мала предност пред Волво Икс Ц 60.

Мерцедес-Бенц ГЛЦ и натаму ја предводи трката со БМВ Икс 3 и Волво Икс Ц 60 во сегментот на СУВ од средна класа од премиум марки. Во споредба со лани, до јули се продале 16.021 возила повеќе.

Вториот најголем сегмент за премиум автомобили на европскиот пазар, регистрираше 383.615 продадени возила во првите седум месеци од 2026 година, постигнувајќи раст од 15,6 проценти во споредба со лани. Мерцедес-Бенц е вообичаено на врвот со својот ГЛЦ.

Единствено СУВ-моделите од компактната класа од премиум марки се продаваат повеќе од СУВ-моделите од една класа погоре, од средната класа. Но, додека помалите и подостапни СУВ имаат раст од само 2,5 проценти до јули, кај премиум СУВ-автомобилите од средната класа е постигнат раст од дури 15,6 проценти. Во споредба со периодот до јули лани, во 2026 година се продале 51.762 возила повеќе.

Прв е Мерцедес-Бенц ГЛЦ со 78.452 возила до јули, пред БМВ Икс 3 со 50.365 возила и Волво Икс Ц 60 со само 1.188 возила помалку. На четвртото место е електричниот БМВ и Икс 3, којшто котира високо поради тоа што продажбата штотуку започна и има голем број возила што се регистрирани на име на производителот и на дилерите.

Ауди иако се среќава првпат дури на 5-то место, марката има четири свои модели во овој сегмент. По Ауди Ку 5 со продадени 25.660 возила и раст од 33 проценти, следат електричните Ку 6 е-трон и Ку 4 е-трон. Потоа низата кусо ја прекинува електричниот Полстар 4, којшто исто така солиден раст од близу една третина, па следи купе-СУВ изведбата Ауди Ку 5 Спорбек со воедно најголемиот раст меѓу 10-те најпродавани (+68,7%), за трката да ја заокружи Порше Макан со 14.213 возила.

Мерцедес-Бенц ГЛЦ во јули дури и го засили водството со 45 проценти угоре и 13.602 возила, со голема предност пред БМВ Икс 3 со 7.104 возила и 4,6 проценти раст.

Претходна објаваКинезите на пат во 2035 година да произведат 1,5 милион возила во Европа
Следна објаваЏип повторно ќе произведува во Кина, ќе има и извоз

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here