Новиот модел на Форд ќе биде препакуван кинески Џили

Форд ќе добие нов СУВ-модел што ќе ја користи техниката од Џили и ќе се произведува во Валенсија, Шпанија, како дел од соработката меѓу двете компании.

Џили Е Икс 5, еден од најпродаваните електрични модели од Кина, ќе ја отстапи техниката за модел што ќе се продава под знакот на Форд.

Платформата ГЕА на Џили, кусо од Глобална интелигентна Електрична Архитектура, што ќе ја користи моделот со знак на Форд, дозволува електрични и приклучни хибридни изведби. Модели на Џили што ја користат истата се целосно електричниот Е Икс 5 и приклучниот хибрид Стареј, што веќе извесно време се нудат на европскиот пазар.

Истата платформа ќе се користи и за два идни модели на Рено, што ќе се произведуваат во Бразил и се плод од соработката меѓу групацијата Рено и Џили Ауто.

Форд соопшти во јули дека ќе соработува со Џили, за компактниот кросовер, што ќе биде достапен со повеќе видови погон и ќе стартува со продажба во 2029 година. Компанијата наведе дека нивниот модел ќе се разликува од моделите на Џили, со тоа што ќе поседува стил со „корени од рели“ и возна динамика што ќе се повикува на наследството на Форд во мотоспортот, со модели како Ескорт РС, РС200 и Сиера Косворт.

Користењето на платформата ГЕА го потврди Ан Цонгвеј, новиот претседател на Џили Ауто, при соопштувањето на деловните резултати на компанијата на 17-ти август. Тој додаде и дека во фабриката во Валенсија ќе се произведува „прилично голем број модели“ на Џили, како дел од целта на компанијата да постигне две третини од вкупната продажба надвор од Кина. Во моментов се извезува една третина.

„Мораме да продолжиме со проширување на стратегијата за локализација,“ кажа Ан. Џили претходно сооошти дека во Валенсија ќе произведува два свои модели, почнувајќи во 2028 година со електричниот Е Икс 5.

Форд исто така планира во Валенсија да произведува СУВ под моделското име Бронко, исто така од 2028 година, којшто веројатно ќе користи сопствена платформа и ќе ја замени застарената Куга, место да се посега по техниката на Џили.

Форд Капри под каросеријата крие техника на Фолксваген. Освен со Германците, производителот од САД ќе соработува и со Рено, за своите модели за Европа.

Форд сака да се врати на европскиот пазар преку партнерства. Освен со кинескиот Цили, се соработува и со групацијата Рено, којашто ќе понуди техника за мала електрична комбилимузина и нејзина СУВ-изведба, почнувајќи во 2028 година. Двата тековни модели на струја, Експлорер и Капри, ја позајмуваат целата техника од електричните модели на Фолксваген.

Џили планира да гради мрежа од добавувачи во Европа

Ан соопшти дека Џили работи на мрежа од добавувачи во Европа, со цел да ги задоволи строгите барања на ЕУ за „Произведено во Европа“, за Унијата да го зајакне домашното производство на електрични возила. Договорите ќе му овозможат на Џили да ги избегне царините на ЕУ за увоз на електрични автомобили од Кина. Унијата во моментов наплаќа 28,8 проценти казнена царина за возилата на Џили, дополнително на 10-те проценти редовна царина за увозот од Кина.

Платформата ГЕА ќе се користи и за идните модели на Рено, што француската компанија ќе ги произцведува во својата фабрика во Куритиба, Бразил. Лани беше потпишан договор, со којшто Џили презеде 26 проценти во Рено до Бразил. Рено ќе ја води платформата како РГЕА, затоа што ќе изврши неколку измени во техниката. Џили во јуни започна со производство на малечкиот електричен автомобил Е Икс 2 во Киритиба.

Џили е присутен на македонската сцена главно на пазарот на рентакар-услуги.

Киа ЕВ2 · Тест · Електричен автомобил, без но и ама

Претходна објаваЕлектро-шоу во салон: Рено прво прави автомобилот да биде добар, па потоа електричен
Следна објаваОпел Фронтера во подостапна изведба, со рачен менувач и основна опрема

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here