Ситроен има Тоник и за новиот Ц 3, во неговата електрична изведба

Тоник е историска ознака за специјалните серии на Ситроен, од модели што се продаваат најмногу, со достапна цена, а детали од поскапите нивоа. Тоникот го заслужи електричната изведба на Ситроен Ц 3.

Ситроен е-Ц3 е меѓу најдостапните електрични автомобили од европска фабрика

Кога треба да се додаде уште малку елан и да се доискористи залетот кога некој модел се продава одлично, Ситроен обично посегнува по Тоник. Тоа се специјални серии, што се блиску до цената на основниот модел, но додаваат стил и уште малку опрема. Ситроен е-Ц 3 е таков модел.

Европскиот пазар повторно се загрева за електричниот погон, посебно за достапните автомобили со погон на струја. Ситроен уште одамна ја предводи трката за најдостапниот ЕВ од европска почва, со е-Ц3, како трета погонска изведба во гамата на Ц3.

Во тој дух, во гамата влегува посебниот модел Тоник, што производителот го гледа како модел за „урбани корисници и возачи што бараат можност да се префрлат на струја, без да ги жртвуваат основните вредности“ и им нуди стил, конективност и практичност, по конкурентна цена.

Основа за е-Ц3 Тоник е нивото Ју, коешто е надградено со дизајнерски одебежја, со кровни шини и покрив во контрастна боја, но и со 10-инчен средишен дисплеј што недостига во Ју.

Французите ги нудат за избор двете големини на батерија, едната за градски, другата за подолг досег, за купувачите да можат да изберат соодветно на потребите и на буџетот.

Посебностите на Ситроен е-Ц3 Тоник

  • Покрив во аден црвена или перла нера црна боја
  • Кровни шини и заден спојлер како поскапите модели
  • Жолти украси во предниот браник
  • Натпис Тоник под страничните ретровизори
  • Налепница врз предните столбови
  • Избор на цела или црна боја на каросерија
  • Средишен екран од 10,25 инчи, со безжично поврзување со телефон
  • Арматурна табла обложена со платно како кај нивото Плус

Најдостапната изведба доаѓа со батерија ЛФП од 30 кВч, со досег до 206 километри, односно 293 доколку се вози во град, со можност за брзо полнење под 30 кВ. Оваа изведба во мометнов не се нуди на македонскиот пазар.

Изведбата со батерија од 44 кВч соодветно нуди досег до 309, односно 440 километри, и полни уште побрзо, со моќност до 100 кВ. Во нивото Ју, оваа изведба кај нас чини 26.990 евра.

Производителот не најавува дека ќе понуди изведба Тоник и од бензинските модели.

Ситроен Ц3 · Тест · Автомобилската револуција што нé засега

Претходна објаваФерари Луче распродаден во Кина, првите 88 примероци веднаш најдоа сопственик
Следна објаваМултиплина е следниот голем новитет од Фиат, од сосем нова категорија

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here