Фиат ја докажува главната способност на своите модели преку вистински мерења. Камера следеше колку често возачите во Фиат се смеат, најдобра е 600-ката.
Истражувања втемелени врз веродостојни податоци покажаа дека возачките и возачите се смеат најмногу во Фиат 600, во просек 368 пати на час. Во истражувањето учествуваа 30 возачки и возачи.
Откако првпат ги броеше насмевките кога стартуваше со продажба на Гранде Панда на британскиот пазар во мај годинава, огранокот на Фиат на островот сега ги пушти камерите и во Фиат 600, да го повторат тоа. Исто како што Гранде Панда се покажа дека им го одржува расположението на луѓето, така и Фиат 600 покажа таква способност, во модел од сосем различен вид и класа. Големиот кросовер ги смееше своите возачи уште почесто.
Според истражувањата на британскиот огранок на Фиат, 600-ката ги смееше своите возачки и возачи во просек 368 пати на час. Тоа е 42% повеќе отколку кај Гранде Панда со нејзините 258,1 нм/ч.
Кај еден испитаник, камерите во возилото пријавиле 646,1 насмевки на час, а тоа е 83 пати повеќе отколку просечниот број на насмевки на возрасен Британец, од 0,88 насмевки на час.
Во истражувањето се користеа модел со сина боја и модел со портокалова боја. Во првиот случај, измерени се 449,7 нм/ч, наспроти 321,3 нм/ч.
Дамите се смеат многу почесто отколку мажите, 508 пати на секој час, во споредба со 200 пати на час.
Како Фиат воопшто ги мереше насмевките
Насмевки на час е новата мерна единица што ја измисли Фиат. За тоа е користена технологија на распознавање на ликот, што ги забележува вистинските и несвесно предизвикани насмевки во вистински сообраќај. Од тоа е пресметан бројот на насмевки на час.
Британците најавуваат дека и останатите модели на италијанска марка, во текот на годинава ќе ги подложат на ова тестирање, што покажува сосем друга природа на прикажување на перформансите на едно возило.
















