Најголеми пазари за електрични автомобили во Европа во 2026 година

Во Европа во првите пет месеци од годинава се регистрирани вкупно 1.247.545 батериски електрични автомобили. Тоа е за една третина повеќе отколку лани.

Од споредбата на електрична Киа ЕВ3 и бензинска Киа Спортаж што ја објавивме неодамна, линкот е во завршетокот на објавата

Батериските електрични автомобили во меѓувреме станаа трет најзастапен вид на погон на европскиот авотмобилски пазар, по бензинците и класичните хибриди. Во табелата се наведени регистрациите на нови батериски електрични автомобили одделно по држави.

Европските возачки и возачи го избираат чисто електричниот погон како трет најбаран вид на погон. Од вкупно регистрирани 5.824.814 патнички авотмобили во земјите во ЕУ, ЕФТА и Обединетото Кралство во периодот од јануари до мај годинава, близу 1,25 милион автомобили се чисто електрични.

Тоа претставува удел од преку 21 проценти на батериските електрични авотмобили во вкупната продажба. Додека целиот пазар во Европа, не вклучувајќи ги единствено земјите од т.н. Западен Балкан, во првите пет месеци од 2026 година бележи раст од 4,5 проценти, електричните ја зголемиле својата продажба за 31,2 проценти.

Најголем пазар е Германија, со преклу 280.000 новорегистрирани БЕВ за пет месеци, со голем заостаток следат Франција и Белгија.

Најголем удел во бројот на нови регистрации на БЕВ секако има Норвешка, каде што овој вид погон сочинувал преку 98 проценти од вкупниот број новорегистрирани возила во земјата. Високо котира Данска, по неа следат Финска и Шведска.

БЕВ имаат најслабо учество во Хрватска, каде што само 4 проценти отпаѓа на овој вид погон. По вкупниот број на новорегистирани БЕВ, Хрватска се движи во слични рамки со бугарија, каде што од 20.500 новорегистирани возила до мај, околу 1.500 се батериски електрични возила.

Споредба: Електрична Киа против бензинска Киа, ЕВ 3 против Спортаж

Претходна објаваФиат ги мери перформансите на своите модели со број на насмевки на час
Следна објаваЖештината им ги топи патиштата на Германците

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here