Форд не се соочува првпат со проблемот. Уште во минатата година, Форд ги повика сопствениците на возила непланирано да посетат сервисна работилница, поради можен дефект на системот за автоматски итен повик при незгода.
Производителот реши да ја отстрани грешпката преку вчитување нов софтвер по пат на податочен облак (ОТА), за возачките и возачите да не се вознемируваат со непотребната посета на сервисот.
Кај бројни возила, вчитувањето нов софтвер повторно наиде на грешка, затоа што контролната единица за телематика (ТЦУ) погрешно го обработи новиот софтвер. Поради тоа, постои опасност дека системот за автоматски повик на службите за итна помош, може да откаже во случаи, кога тоа може да биде прашање на опстанок во живот.
Можно е проблемот да зафаќа и во други системи. Меѓу нив се наоѓаат користењето на апликацијата на Форд, далечинското стартување и разни онлајн услуги, вклучувајќи сообраќајни информации.
Форд го води сервисниот повик под интерниот код 26Ц13. Вчитувањето на потребниот софтвер се врши во сервисна работилница. Според производителот, поправката на возилото ќе трае два часа.
Кои модели на Форд се погодени од грешката
Сервисниот повик важи за возила произведени од август 2018 до октомври 2024 година. Според објавата на Форд, повикот се однесува на следните моделски серии:
- Пума
- Куга
- Мондео
- С-Макс
- Транзит
Можно е со повикот да бидат опфатени и Фокус, Галакси и Експорер. Форд во Македонија нема објавено сервисен повик за отстранување на сериозната грешка во возилата.
Форд десетпати ги повикуваше возачите на хибридната Куга во сервис
















