Мотоспортот може да биде возбудлив и без расни мотори и волшебни трикови за аеродинамичност, па и без најдобрите возачи во светот. Тоа во минатиот викенд го докажа еден необичен спектакл во Франција.
Девет инфлуенсери се тркаа за најбрзо да извозат 100 кругови со електрични Ситроен Ами на велосипедска тркачка патека. Место во вистински тркачки автомобили со стартност што одзема здив, деветмината инфлуенсерки и инфлуенсери седнаа зад воланот на малечки електрични четирицикли со моќност од 8 коњски сили.
Тоа што организаторите го очекуваа, а публиката главно седнуваше да го следи поради љубопитност, барем на кусо, на крајот даде трка со неизвесност како на Наскар. Трката се пренесуваше во живо на платформата за стриминг Твич. За три дена, преку еден милион гледачки и гледачи посведочиле на невообичаената трка. На кадрите од трката се забележува и солидна публика на трибините.
Настанот беше именуван „Ла Курс“, без големи ветувања. Организатор беше Силвејн Леви, познат јутјубер со свој канал со име Вилебрекин, воедно и водител на Топ Гир Франција. Името на настанот на француски јазик значи „Трката“, но претставува и акроним од „Л’Ами Челинџ Ориџинал Ултра Рејсинг Спорт Евент“.
Организацијата беше од највисок ред, со водители, кадри снимени од дрон и со пристојна графика. Посебна димензија даде тоа што не се користеше каква било цензура во интервјуата. Единствено беше забрането да се спомнуваат „мајки“, затоа што во Франција се одбележуиваше денот на мајките.
Трката се одржа на велодромот Стад Исидор Тивриер во Коментри, патека на отворено долга 445 метри. Овалната патека што е наменета за велосипедски трки, одговараше и за електричните Ами. Настанот изобилуваше со двобои, престигнувања, користење заветрина и тактизирање со енергијата.
На снимките од кабина се забележува дека подлогата не е најмазна. Како безбедносно возило служеше едно мошне „небезбедно“ возило: Монстер Трак на база на Рено Твајзи.
Единствен зафат во техниката беше отстранување на брзинското ограничување. Ситроените можеа да постигнат 70 километри на час, место да заглават на темпо 45.
За неизвесноста да биде уште поголема, енергијата во батеријата на тркачките Ситроен Ами беше недоволна за под полн гас да се минат стоте кругови. Според тоа, клучно беше да се тактизира со енергијата. Пред завршницата се создаде вистински хаос, откако некои автомобили останаа без енергија и го попречуваа патот.
















