Норвешка со години се издвојува како земја со најголем удел на електрични автомобили во продажбата. Данска ги следи истите стапки и речиси сите продадени автомобили на приватни купувачи во април се електрични.
Кога ќе се спомне земја што најпредувала најдалеку во преоѓањето на електричен возен парк, секако дека многумина прво помислуваат на Норвешка. Но, и Данска не е за потценување. Пазарот на ЕВ таму напредува незапирливо.
Само 4 од секои сто продадени автомобили во Данска во април не се електрични
Продажбата расте со толкава брзина, што во минатиот месец беше забележан рекорден удел на ЕВ на целиот автомобилски пазар во земјата. Тоа е случај кога ќе се земе само пазарот на приватни купувачи. Дури 96,3 проценти од новите автомобили што се регистрирани во Данска во април и гласат на приватно лице, се електрични.
Масовното преоѓање на електрични возила се случува главно кај приватните купувачи што располагаат со буџет за нов автомобил. Во делот на службените возила, уделот е помал, но пак е далеку над останатите земји. Кај возилата на име на фирма, тој удел во минатиот месец изнесувал 81,9 проценти.
Меѓу причините за наглиот пораст во побарувачката за електрични автомобили секако дека спаѓа и поскапувањето на горивата. Но, во Данска постои и дополнителна причина за преоѓање на ЕВ, затоа што за возила со висока емисија на ЦО2 се плаќаат и високи давачки.
Киа ПВ5 · Тест · Електричниот погон е друг свет кај доставните возила
Најбарани модели во Данска во април биле електричните Шкода Елрок и Енијак, со регистрирани 1,088, односно 823 примероци, потоа Тојота Ц-ХР+ со 804 возила, а потоа следат Фолксваген ИД4 (680) и Ауди Ку 4 е-трон со 444 возила. Веднаш по нив е кинескиот Шаопенг Г6, со 409 продажби.
















