Еуро НКАП откри серизоен безбедносен пропуст кај кинескиот МГ

Експертите на Еуро НКАП, коишто се грижат за безбедноста на автомобилите во последниве близу 30 години, испратија повик до сопствениците на кинескиот МГ 3, поради фабрички пропуст што не смее да се дозволи кај еден автомобил.

Организацијата Еуро НКАП, што врши краш-тестови од 1997 година наваму, откри опасен пропуст кај кинеската марка МГ и нивниот модел МГ 3.

Конзорциумот од организации поврзани со безбедноста на автомобилите, каде што спаѓаат бројни национални здруженија на возачи, познатиот и ценет Еуро НКАП, ги охрабрува сите купувачи на МГ 3, коишто се погодени со сервисниот повик во врска со безбедноста на нивниот автомобил, да стапат во контакт со дилерот на МГ во својата земја, колку е можно поитно.

Масовниот сервисен повик за возачите на МГ произлезе како резултат од независните краш-тестови, што Еуро НКАП ги изврши лани.

Кај кинескиот автомобил МГ 3, беше утврдено дека шината на којашто е прицврстено возачкото седиште, може да се откачи при судир и седиштето да се измести, поради што возачот се изложува на опасност од тешки повреди.

По консултации со експертите на Еуро НКАП, кинескиот производител МГ ја призна грешката и потврди дека пропустот може да предизвика кобни последици и во услови на секојдневен сообраќај, не само на краш-тестовите на конзорциумот. МГ реагираше со зафати за отстранување на пропустот и наоѓање подобро решение за да се исклучи опасноста за седиштето да се измести.

Производителот МГ, чијшто автомобили може да се сретнат и на македонскиот пазар, итно презеде мерки за грешката да се отстрани и кај новите и кај постоечките возила, стапи и во контакт со надлежните органи во Европа, за да се активира сервисен повик и да се информираат возачите дека мора да го вратат возилото во сервисна работилница.

Отстранувањето на дефектот е бесплатно преку овластените дилери на МГ. Сопствениците на моделот МГ 3, произведен пред август 2025 година, уште претходно биле повикани во сервис, во сопствена организација на МГ.

Тукашниот дилер на МГ го рекламира проблематичниот автомобил како „градска легенда“, со цена од 15.900 евра

Доктор Алед Вилијамс, директор на Еуро НКАП, порача дека „ова е голем безбедносен пропуст што го откри Еуро НКАП и задоволство ни е што МГ се отповика.“ Експертот понатаму порачува дека сопствениците на МГ 3 и МГ 3 Хибрид+, што „немаат слушнато за сервисниот повик и допрво мора да регираат, треба да стапат во контакт со локалниот дилер на МГ“. Отстранувањето на опасниот дефект е бесплатно.

Претходна објаваВо Данска се купуваат само електрични автомобили
Следна објаваСузуки Свифт вежба да вози со погон на водород, место бензин

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here