Пежо со своите „лавови“ ќе биде присутен на сите страни за време на одржувањето на Филмскиот фестивал во Кан. Француската марка е поддржувач на филмската продукција Патé, партнер во филмот Фантом од Операта, на Александре Кастањети, на изложбата на магазинот Пари Мач за врската меѓу автомобилите и филмските ѕвезди, и уште бројни улоги.
Почнувајќи од 2025 година, Пежо во изминатиов период е мошне активна во светот на филмот, односно „се посвети на киното како нова територија за изразување“. Француската кинематографија секако дека се издвојува во светот на филмот, и ценета е по смелоста, гламурот и префинетоста. Марката Пежо се препознава во овие вредности.
За време на фестивалот ќе биде ставен нагласок на филмот Фантомот од Операта, што ќе почне да се прикажува во септември. Два модели на француската марка се појавуваат во бројни сцени во филмот: Актуелниот Пежо 408 и легендата, 504 Кабриолет, слабост на познавачите и на марката и на автомобилизмот воопшто. Пежо секако дека финансиски го потпомогна филмот, во којшто се појавуваат важни модели на марката.
Кабриолетот од 1970-те со дизајн на Пининфарина ќе добие почесно место пред хотелот Карлтон, како дел од промотивната кампања на филмот.
Производителот на автомобили ќе се појави и на друго место, на плажата Конбини, на настанот за новиот филм на продукциската куќа Патé, насловен Л’Инконуе од Артур Харари.
Меѓу десетината настани на коишто е присутна Пежо, се издвојува и изложбата што ја организира прочуениот француски магазин Пари Мач, којашто е посветена на посебните улоги што автомобилите ги имаат во филмовите.
Во слична насока е уште една кампања на Пежо, за којашто пишувавме неодамна и којашто ќе се одвива на самата патека Леман, за време на 24-часовната трка.
Пежо ќе прикажува филмови покрај патеката за време на 24 часа Леман
















