Најмногу средства биле вложени во снабдувањето со батерии, каде што досега се вложени 109 милијарди евра. Континентот вложува напори да се оттргне од кинескиот монопол во производството на батерии.
Во Кина биле произведени преку 80 проценти од вкупната продукција на батерии во 2025 година. Тоа ги вклучува и батериите што се користат надвор од секторот на електричните возила, соопшти претходно Меѓународната агенција за енергетика.
„Европа во моментов произведува батерии за близу едно од секои три електрични возила што се продаваат на домашниот пазар, со тоа планираниот капацитет може да ја покрие идната побарувачка, доколку тој биде искористен целосно,“ утврдија Њу Аутомотив во својата студија.
Околу 60 милијарди евра се вложени во производство на електрични возила, главно во префрлување на традиционалните автомобилски фабрики, покрај изградбата на посебни фабрики за електрични возила.
Во јавната мрежа од полначи се вложени меѓу 23 и 46 милијарди евра, со преку 1 милион поставени полначи ширум Европа. Над 3,5 милијарди евра се вложени во производството на полначи и инфрастуктура.
„Со овие вложувања се обезбедени преку 150.000 работни места, а се очекуваат уште 300.000 места, доколку сите најавени проекти се реализираат во целост,“ додаде Крис Херон, генерален секретар на групацијата Е-Мобилити Европа, во својата посебна објава во врска со студијата.
Истражувањето на Њу Аутомотив, сепак покажа диспаритет на национално рамниште, затоа што Германија, како најголем производител на автомобили, учествува со речиси една четвртина во вложувањата во Европа.
Европската Комисија во декември најави дека планира да ја откаже забраната за продажба на нови автомобили со мотор со внатрешно согорување во Унијата по 2035 година. Овој чекор произлезе под притисок од европските производители на автомобили, означувајќи ја најголемата отстапка од Зелената Агенда на ЕУ во изминативе години.
Херон посочи дека Германија, Италија, земјите од Централна и Источна Европа најмногу се спротивстувале на забраната од ЕУ по 2035 година, иако во овие земји се наоѓаат преку половина од инвестициите во секторот.
„Франција и Шпанија исто така се издвојуваат како најголеми корисници (на инвестициите“, додаде експертот.
Киа ПВ5 · Тест · Електричниот погон е друг свет кај доставните возила
















