Пежо во соработка со продуцентската куќа мк2 организира кино на отворено за време на 24 часа Леман, од 12-ти до 14-ти јуни. Настанот се води како „Драјв-ин Парадизо бај Пежо“ и овозможува филмови да се гледаат седејќи во историски автомобили на Пежо, покрај патеката на којашто се вози прочуената трка.
Вредниот ангажман на Пежо е дел од одбележувањето на 100-годишнината на француската марка на Леман. Киното на отворено за време на трката е посебно привлечно затоа што се седи во историски модели на Пежо, што се паркирани пред филмското платно.
Драјв-инот на Пежо се одржува во духот на Синема Парадизо, што продуцентската куќа мк2 го започна како филмски фестивал под отворено небо во 2013 година. Во почетокот одржуван како Драјв-ин под стаклениот покрив на историскиот Гран Пале во Париз, настанот понатаму се одржуваше на други важни локации, меѓу другото и во Лувр.
Пежо постојано е активен во светот на филмот, годинава повеќе од кога било досега
Соработката меѓу познатата филмска куќа и Пежо не е случајна. Покрај тоа што се работи за француски компании, нив ги спојува и посветеноста во седмата уметност, во филмот. Оваа соработка станува уште позначајна со настанот што се одржува на една од најважните трки во светот.
Во трите денови, на публиката ѝ се нуди избор од култни филмови на тема патување, брзина и автомобилска култура.
Петок, 12-ти јуни
19:00 часот
Такси, 1998, со Сами Насери, Фредерик Дифентал Марион Котилар. Белиот Пежо 406 не е само возило, туку прерасна во вистинска икона на киното и го зацврсти местото на Пежо во колективната свест.
21.30 часот
Раш – Сé за победа, 2013, со Крис Хемсворт, Даниел Брил и Оливија Вајлд
Филм што на возбудлив начин ги пренесува ривалството, впуштањето во ризик и драматичноста на мотоспортот на филсмото платно.
Сабота, 13-ти јуни
19:00 часот
ОСС 117: Каиро, шпионско гнездо; 2006, со Жан Дужарден, Беренис Бежо и Оре Атика
Прочуен филм, по единствениот стил, инсценирањето и француската елеганција, со вмешување на автомобили во дејствието.
21:30 часот
Леман 66, 2019, со Мет Дејмон и Кристијан Бејл
Филмот се одржува во срцето на 24 Часа Леман и пренесува непосреден дијалог со историјата, легендата и драматургијата на овој исклучителен настан.
00.30 часот
Гран Туризмо, 2023, со Арчи Мадекве, Дејвид Харбур и Орландо Блум
Преоѓање од фантазија во реалност, кога сонот за брзината ќе стане возбудливо искуство.
Недела, 14-ти јуни
9.30 часот
Турбо, 2013, анимиран филм со гласови на Рајан Рејнолдс, Пол Џамати и Мајкл Пења
Филмот е весел, семеен и лесен омаж на брзината, енергијата и радоста во движењето
12.00 часот
Брзи и бесни, 2001, со Вин Дизел, Пол Вокер, Мишел Родригез и Џордана Брустер
Автобилите имаат главна улога во филмот, како предмет на обожување, на спектакл и на поп култура. По повод 25-годишнината на филмот.
Неколку посебни модели од историјата на Пежо ќе понудат седишта за гледачите, покрај останатите историски возила на марката: Бело Пежо 406 од Такси 2, зелено Пежо 204 Берлина, 504 пикап од Елие или Пежо 604 Ти Лимузина.
Исто како останатите настани на Синема Пардизо, драјв-инот на Пежо во Леман е бесплатен. Единствено треба пред настанот да се изврши онлајн регистрација, по што следи извлекување на добитниците, кои ќе добијат и влез на самата трка.
















