„Во рани преговори сме со владата на САД за некои проекти од областа на одбраната,“ потврди извршниот директор на Форд, Џим Фарли, за време на објавувањето на финансиските резултати на компанијата на 29-ти април.
Компанијата Форд е во рани преговори со администрацијата на Трамп, за соработка во областа на одбраната, кажа извршниот директор Џим Фарли.
„Во рани преговори сме со владата на САД за некои проекти од областа на одбраната,“ изјави Фарли, за време на објавувањето на финансиските резултати на компанијата на 29-ти април, напоменувајќи дека не може да открие поединости.
Коментарот на Фарли е знак дека компанијата разгледува поширока соработка со Пентагон. Претставници на војската на САД вложуваат напори да ги вовлечат комерцијалните производители во изработка на оружје и останата воена опрема.
Во моментов е мошне ограничен бројот на добавувачи што произведуваат за војската, како што се корпорациите Локид Мартин и Џенерал Динамикс.
Вол Стрит Журнал во минатиот месец објави дека високи претставници од одбраната разговарале со менаџери од автомобилската индустрија, околу производство на оружје, вклучувајќи го Фарли.
Фарли порача инвеститорите да очекуваат Форд да има „непропорционално голема улога“ во враќањето на производдството на клучни минерали и други компоненти, како полупроводници за примена во индустријата.
„Нашата верига од добавувачи е ангажирана во голем обем, не само од страна на нашата влада, туку и од новите компании што почнуваат да се појавуваат во нашата земја, за некои нивни капацитети да се вратат во земјата,“ кажа Фарли. „Во кус рок, тоа е веројатно најголемата улога што Форд може да ја одигра во помагањето на нашата земја.“
















