Трамп бара Џенерал Моторс и Форд да произведуваат оружје

Според објавите во медиумите, министерството за одбрана на САД е во разговори со големите производителi на автомобили во земјата, за тие да почнат со производство на оружје.

Џенерал Моторс веќе е активен во производство за воени потреби, со посебен огранок

Владата на Доналд Трамп бара производителите на автомобили да добијат поголема улога во производсвото на оружје. Веста ја објави Вол Стрит Журнал.

Според Вол Стрит Журнал, високи претставници од одбраната имале разговори за производство на оружје и други воени потреби, со врвните менаџери на повеќе компании. Меѓу нив се спомнуваат Мери Бара од Џенерал Моторс и Џим Фарли од Форд.

Понатаму во веста се наведува дека на разговорите присуствувале производителот на турбини ГЕ Аероспејс и производителот на возила и машини Ошкош.

Иако разговорите се само прелиминарни, според објавата тие биле мошне обемни. Се разговарало, меѓу другото, како компаниите да помогнат во производството на компоненти или делови за разни воени системи, вклучувајќи примена на напредни производствени техники, како тридимензионално печатење.

Службениците на Пентагон исто така ги замолиле водечките личности во индустриските компании, да наведат што би можело да биде пречка, за тие да почнат да работат на задачи за одбраната, на пример, потенцијални пречки во тендерските постапки.

Хегсет бара воена состојба

Како што пренесуваат медиумите, министерот за војна на САД, Питер Хегсет, загрижен е околу националната безбедност, затоа што војните во Украина и во Иран ги исцрпиле резервите на оружените сили на земјата.

Поради тоа, Хегсет бара компаниите да се префрлат на „војна состојба“ и да ѝ помогнат на владата да го зголеми производството на оружје. Пентагон поднел барање за буџет од 1,5 билион долари (1.500 милијарди долари). Се бара масивно вложување во производство на муниција и дронови.

Џенерал Моторс веќе е активен во производството на оружје со својот посебен огранок ГМ Дифенз, додека Форд нема такви активности. Ошкош исто така веќе произведува воени возила, но главнината од прометот го остварува со активности вон воениот сектор.

Претходна објаваСтелантис ја качи продажбата за 12%, се враќа пазарот во САД
Следна објаваPorsche Македонија го поддржа изборот за „Работодавач на годината“: Инвестирањето во луѓето е најсилниот двигател на успехот

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here