Грција запленува странски луксузни коли што останале подолго од 6 месеци

Во Грција со помош на вештачка интелигенција се откриени стотици луксузни автомобили со странски таблици и истите се запленети.

Слика преземена од GreekCityTimes . com

Грчките служби во акцијата запленија 229 возила со странски регистерски ознаки. Вкупната вредност на возилата се проценува на над десет милиони евра. Некои автомобили вредат над 750.000 евра, запленети се Ламборгини, Порше, Мерцедес-Бенц, Бентли, Ауди, Ферари.

Целта на акцијата што се спроведува ширум државата е да се откријат автомобили што се користат во Грција, меѓутоа носат странски регистерски ознаки. Законите пропишуваат јасно.

Овие возила може да се користат во земјата најдолго шест месеци во текот на една година. Покрај тоа, со нив смеат да управуваат само лица на коишто е регистрирано возилото. Доколку возилото се користи подолго од дозволеното или управувано е од друго лице, што живее во Грција, тоа веќе е проблем.

Главната причина е од финансиска природа

Возилата со висока емисија на штетни гасови, а тоа значи возила со силни мотори и тешки каросерии, и посебно луксузни и брзи автомобили, подлежат на високи давачки во Грција. Дополнително на данокот при регистрирање, ДДВ и стандардните даноци за моторно возило, луксузните возила подлежат на посебни давачки, своевидна акциза.

Од тие причини, некои возила се регистираат во странство, иако истите се користат претежно во Грција.

Акцијата ја организираше независната управа за јавни приходи, односно грчката даночна и царинска управа. Користени се податоци од камерите на патарините, како и технологија за автоматско препознавање регистерски таблици (АНПР), којашто се базира на вештачка интелигенција.

Овие податоци потоа се споредуваат со базата на царинската и даночната управа. На тој начин се утврдува, колку долго возилото престојува во земјата.

 

Greek Authorities Seize 229 Luxury Cars With Foreign Plates

Државните служби потоа ги проверуваат овие возила, вклучувајќи ги катните гаражи и плацевите на дилерите. Се одлучува според тоа, кој навистина го користи возилото и дали за истото се платени даноците кон државата.

При контролите се откриени и други прекршоци. На некои возила им била истечена регистрацијата или имало манипулации околу истата, потоа биле откриени погрешни податоци за наплатата на даноци, а имало и случаи кога бил манипулиран бројот на шасија. Во едно возило била пронајдена дрога. Постапката уште е во тек. Органите понатаму ќе решаваат околу казните и понатамошните постапки.

Во Македонија се дозволува масовно користење возила што се регистираат во странство

Во Македонија е уште помасовно користењето возила што се регистирани во странство, главно Бугарија и други региони, затоа што нивните возачи на тој начин ги избегнуваат посебните давачки, коишто државава ги предвидува за возила со висока емисија на штетни материи. Македонските власти, и покрај дваесетгодишната масовна практика на регистирање возила со штетен издув за живиот свет, одвај дека досега има донесено мерка за делотворно да ја спречи измамата, воедно дозволувајќи народот да биде постојано изложен на материи што нанесуваат трајни здравствени последици.

Претходна објаваНајпродавани автомобили во ЕУ во март: Тесла прва, по неа цела групација Рено
Следна објаваЗошто Стелантис пушти кучиња да душкаат во фабриките во САД

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here