Зошто Стелантис пушти кучиња да душкаат во фабриките во САД

Стелантис пушта кучиња во фабриките во САД, да бараат оружје и експлозив. Вработените ја ценат безбедноста, но се жалат дека имаат „чувство како во затвор“

Концернот Стелантис има нов безбедносен пристап во своите фабрики во САД. Посебно обучени тимови со кучиња имаат задача да бараат оружје. Производителот верува дека кучињата донесуваат безбедност на работното место и не се вознемируваат од секојдневниот работен такт во фабриката, пишува Детроит Њуз.

Стелантис воведе патроли на влезовите и излезите, во производствните хали и на паркиралиштата за вработени. За дел од вработените, тоа е невообичаено.

Во фабриката во Стерлинг Хајтс, каде што се монтира Рам 1500, патролите со кучиња се одвиваат веќе со месеци. Стелантис ја започна програмата есеноска, како за проба. На вработените им беше испратена порака дека во секоја работна смена ќе се врши патрола. Директорот на фабриката посочи дека мерката не е одговор на некоја конкретна закана.

Досега немало инциденти. Според претседателот на синдикатот, не се случило да биде пронајдено оружје. Тимот еднаш пронашол муниција во возило. Вработениот ја заборавил муницијата во возилото, откако претходно вежбал на стрелиште. Некои вработени се задоволни од мерката, затоа што кучињата се пријателски и нивното присуство ќе помогне да се спречат кражби на паркиралиштата.

Мерката се проширува во Детроит, Толедо и Ворен

Концернот на Фиат и Пежо, со тамошните марки Џип, Доџ, Крајслер и Рам, соопшти дека следна локација е Детроит Асембли Компекс – Мек, каде што се врши монтажа на Џип Гранд Чероки. Концернот понатаму ќе ја воведе мерката и во Детроит и Толедо (Вранглер и Гладијатор). Во следниот месец, К-9 тимови ќе бидат поставени и во Ворен, каде што се монтира Џип Гранд Вагонир.

Вработените стравуваат од „чувство како во затвор“, алергии, контрола

Додека секојдневието со К-9 тимовите (се изговара кенајн, англиски за нешто што се однесува на куче; тим од куче и водич) се одвива природно во фабриката во Стерлинг Хајтс, во Толедо се загрижени. Писмо од синдикатот до вработените наведува на загриженост дека на тој начин ќе се создаде средина како во затвор, што го потиснува моралот. Покрај тоа, се спомнуваат алергии, страв од кучиња и прашањата како фабриката ќе ја организира работната смена.

Посебно е чувствителна темата, дека патролите ќе се користат за надзор и истите немаат врска со барањето оружје. Синдикатот потсетува дека во фабриките е забрането да се внесуваат дроги и алкохол, и наведува дека за вработените што ќе направат таков прекршок следи дисциплинска мерка, па и отказ.

Вистинската причина за патролите

Стелантис сепак не се реши без причина да ја воведе контролата со кучиња. Фабриката во Стерлинг Хајтс беше испразнета летоска, откако вработен влезе со пиштол, по што следеше повеќечасовна полициска интервенција. Во индицентот немаше повредени.

Претходна објаваГрција запленува странски луксузни коли што останале подолго од 6 месеци
Следна објаваБубите на 1-ви мај се собираат во Хановер

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here