
На хановерското сајмиште на 1-ви мај се одржува средба на сопственици на Фолксваген Буба. Со две возила со непроценлива вредност во сопственост на производителот, ќе бидат поставени двете временски крајности што ја одбележаат ерата на Буба Кабриолет.
Едното возило од колекцијата на Фолксваген Класик е т.н. Хембилер Кабриолет од 1950-та година, додека вториот примерок го претставува завршетокот на ерата на тој модел, последната отворена буба, во форма на 1303 Кабриолет од 1980 година.
Михаел Винклер, претставник на Фолксваген Класик, вели дека не се работи само за ламарина и мотори, „туку повеќе е доказ, дека една добра идеја може да се развива низ генерации, без да го изгуби јадрото.“
Првата отворена буба, Хембилер Кабрио од 1950
Познавачите го спомнуваат овој Хемилер (Тип 14А) како „синиот маурициус“. Со заоблен опаш и елегантна силуета на двосед, тој означи пресвртница во повоените години.
Со само 25 КС и несинхронизиран менувач, тој ја претставува чистата, речиси кршлива елеганција од раните 50-ти години. Историјата на Тип 14А е драматична, а со тоа и куса. По само 696 произведени возила, голем пожар во 1949 година ги зафати халите во фабриката во Вилфрат, во Северна Рајна-Вествалија. Хебмилер преживеа како сведоштво и своевидно „што би било, кога би било“.

Совршениот класичар, Кефер 1303 Кабрио од 1980
По 30 години, последниот произведен Кефер (германски збор за бумбар) 1303 Кабриолет го одбележа техничкиот и емотивен врв во серијата. Додека светот веќе одамна се радуваше на Голф, во каросериската работилница на Карман во Оснабрик уште се произведуваше моделот со воздушно ладен боксер-мотор, којшто достигна техничко совршенство.
Со заоблениот и широк ветробран, со модерно мекферсон-водењена предната оска и со диск сопирачки, безбедносни ремени и греено задно стакло, 1303 важи како „најдобрата буба насите времиња.“
Последниот примерок од овој модел излезе на 10-ти јануари 1980 година, завршувајќи ја ерата, во којашто „Фолкс-Ваген“, народното возило“, се воздигна во бескласен култен објект.















