100 години на Maserati: Ова е нивниот најуспешен тркач

Зад воланот на овој болид седеа легендите Хуан Мануел Фанџо и Стирлинг Мос, Maserati 250 F е најуспешниот тркач во историјата на италијанската марка.

Луѓето во Maserati ја донесоа вистинската одлука кога во почетокот на 1950-те години се воздржија да го вградуваат одличниот шестцилиндарски мотор од 2,5 литри во спортско купе за на улица и место тоа решија да го засилат нивниот ангажман во мотоспортот, со реактивирање на сопствениот тркачки тим. Сериското производство на автомобили повторно се најде во втор план.

Хуан Мануел Фанџо победи во првите две трки во шампионатот во формула 1 во 1954 година со новиот Maserati 250F. Тркачкиот болид беше толку супериорен, што од него се произведоа дури 26 примероци, од коишто повеќето се најдоа во сопственост на приватни тркачки тимови. До почетокот на 1960-те години, Maserati 250F постигнуваше победи каде и да се појавеше.

Примерокот од Maserati 250F што е прикажан на фотографиите носи број на шасија 2522 и доживеа премиера во 1956 година, на трката за Големата награда на Аргентина. Стирлинг Мос ја заврши трката на второто место, но на трката за Големата награда на Монако веќе ја постигна првата победа со овј болид со број на шасија 2522. Подоцна оваа бројка беше сменета со 2523, без никој точно да знае од која причина и кога точно, за во 1957 година болидот да добие комплетно нов мотор V12. Во 1958 година повторно беше сменет бројот на шасија, во 2526, повторно со оригиналниот шестцилиндарски мотор од 2,5 литри. Во 2009 година, аукциската куќа RM Auctions го процени болидот на 1,35 милион евра.

Претходна објаваСтар Jaguar „реновиран“ според вкус на новиот дизајнер
Следна објаваХибридниот Golf GTE e „суперголфот“ на денешницата

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here