Расте продажбата на автомобили во Европа, се бараат електрични возила

Европската продажба на автомобили постигна позабележлив раст во минатиот месец, откако пазарот се сврти кон електрични возила. За тоа се заслужни и новите програми за субвенционирање на големите пазари и пошироката понуда од модели со достапна цена.

Рено 5 Е-Тек е втор најпродаван електричен автомобил во Франција во јуни, по Тесла Модел Уај.

Во февруари во ЕУ беа регистрирани 1,7 процент повеќе нови возила од истиот месец лани, со вкупно 979.321 возила, соопшти здружението АЦЕА на 24-ти март. Продажбата порасна во Германија, Шпанија, Италија и Британија, надоместувајќи за падот од близу 15 проценти во Франција.

Растот во продажбата на ЕВ го поништи опаѓачкиот тренд кај возилата што користат гориво. Германскиот пазар порасна вкупно 27 проценти, откако владата започна да го потпомага купувањето електрични возила за семејства со средни и ниски примања. Во Франција, продажбата на ЕВ порасна 28 проценти, но имаше голем пад кај бензинците, дизелите и хибридите.

Со заслуга на новите модели, како електричниот Р5 на Рено, компактниот СУВ-модел Шкода Елрок и кинескиот градски модел Би Уај Ди Долфин, продажбата на БЕВ и приклучни хибриди зеде удел од преку една третина од пазарот во првите два месеци од годината.

Додека вкупната испорака на возила е стабилна, почетокот на војната во Иран и неизвесноста на Средниот Исток, може да го попречат очекуваното зголемување во побарувачката за автомобили во Европа, цени аналитичарката на Блумберг Интелиџенс, Џилијан Дејвис.

„Економската неизвесност што ја предизвика војната и забрзувањето на инфлацијата, можат да доведат до раст на каматните стапки, да ја ослабнат сигурноста на купувачите, одвраќајќи ги од купување скапа стока, како на пример нов автомобил,“ наведува Дејвис.

Блумберг Интелиџенс објави нова прогноза во случај на оддолжување на војниот конфликт, предвидувајќи дека продажбата во Европа во 2026 година е во ризик од пад за 4 проценти, наспроти прогнозите пред војната, дека пазарот ќе порасне 2 проценти.

Растечката побарувачка за ЕВ и приклучни хибриди оди во корист на кинеските производители на автомобили, вклучувајќи ги Би Уај Ди и Липмотор, коишто го зголемуваат својот пазарен удел на десетина пазари во Европа, посочуваат аналитичарите на Џеферис, предводени од Филип Хушо. Царините за увоз на електрични возила од Кина во ЕУ не донесоа поголема корист.

Киа го започна производството на електричната ЕВ2 во Словачка, еден од најдостапните модели на пазарот

Би Уај Ди и САИЦ Мотор, сопственик на марката МГ, ја престигнаа Тесла во продажбата во февруари, со раст од 162, односно 12 проценти соодветно. Двата производители заедно продадоа 40.314 возила, што претставува 4 проценти од пазарот.

Европските производители возвраќаат со зголемување на понудата од конкурентни ЕВ. Матичната марка на групацијата Фолксваген и сестринските марки Шкода и Купра, годинава ќе пуштат ЕВ со цена од околу 25.000 евра. Повеќе од половината од новите модели што Рено ќе ги лансира во Европа до 2030 година ќе бидат електрични.

Претходна објаваГермански еколози бараат да се ограничи брзината и да се смали зависноста од увоз на нафта
Следна објаваГерманските производители на автомобили ослободени од царини во Австралија

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here