Доколку се воведе брзинско ограничување, емисијата на ЦО2 ќе се смали за 11,7 милиони тони годишно, и истото воедно претставува мерка за заштита на климата што може да се примени веднаш и речиси без трошоци, порачуваат Дојче Умвелтсхилфе. Германското здрушение за заштита на животната средина, обично привлекува внимание со мерењето на штетниот издув на службените автомобили на германските политичари од сите рамништа.
ДУХ воедно ја повикува германската јавност да стави потпис за петицијата „Брзинско ограничување сега!“ и со тоа да се излезе во пресрет на препораката на Меѓународната агенција за енергетика ИЕА.
Со ограничување на брзината на 100 километри на час на автопат и на 80 километри на час на спореден пат, може да се заштедат до 4,7 милијарди литри моторно гориво годишно. На тој начин значително ќе се смали зависноста од увоз на нафта на земјата.
Тоа е резултатот од новото истражување на германски ДУХ, со коешто ќе се заштедат до 2,7 милијарди бензин и до 2 милијарди литри дизел годишно. При вкупна потрошувачка на моторни горива од 53,7 милиони тони во 2024 година, тоа би донело заштеда од близу 7 проценти.
Меѓународната агенција за енергетија, во минатата недела им препорача на своите држави членки да го спуштат ограничувањето на брзината, со цел да се заштеди гориво.
ДУХ критикуваат дека Германија и натаму е „единствена индустриска земја во светот, без генерално ограничување на брзината на автопат и мора да преземе мерки за заштита на климата што се применливи веднаш и се делотворни, за да не биде критикувана повторно, поради недоволната програма за заштита на климата.

Јирген Реш, директор на ДУХ, порачува дека на тој начин „ќе се спречи недостигот од моторни горива кон завшетокот на април, од којшто стравува и самата министерка за економија Рајхе и воедно ќе се намали нашата зависност од нафтата.“ Реш понатаму додава и дека заштедата ќе ја почуствуваат и самите граѓани, трошејќи помалку за гориво.
Според графиката што е објавена на вебсајтот на ДУХ, петицијата досега (20.30 часот, 26-ти март 2026) е потпишана од 38.614 граѓани.
Еден полн резевоар со „евтина“ нафта не менува многу, се штеди на подолг пат
Извршниот директор на ИЕА, Фатих Бирол, во минатата недела предупреди дека „војната на Средниот Исток создава голема енергетска крива, вклучувајќи го најголемото прекинување на снабдувањето во историјата на глобалноиот пазар на нафта. Во отсуство на брзо решение, влијанието врз пазарите на енергија и врз економиите ќе станува сé посилно.“
















