ФИАТ Гранде Панда е градски автомобил на годината во Португалија

Во ценетиот избор на Автомобил на годината во Португалија, Фиат постигна победа во категоријата на градски автомобили со новата Гранде Панда.

Кристалниот волан, трофејот во изборот за автомобил на годината во Португалија, ѝ припадна на Фиат Гранде Панда, како најдобар модел од градската класа.

Фиат Гранде Панда претходно го привлече вниманието на сцената како финалист во изборот на Автомобил на 2026 година во Европа, а сега почнуваат и трофеите во националните избори.

Португалските автомобилски новинари ѝ доделија најмногу бодови на Фиат Гранде Панда, во битката за најдобар градски автомобил, во рамките на изборот на Автомобил на 2026 година во Португалија.

Жирито ѝ додели на Големата Панда најмногу бодови во категориите на дизајнот, опременоста, противвредноста и понудата од мотори, којашто вклучува класичен бензинец, благ хибрид, и целосно електрична изведба.

Зад веродостојноста на изборот стои стручно жири што е составено од највлијателните медиумски куќи во земјата, и уште поважно, стојат искуства и впечатоци од тестирање на возилата во реални услови, по повеќемесечна серија од паралелни тестови.

Фиат ја разви новата Гранде Панда со намера да понуди практичен, штедлив и употреблив автомобил во градска средина, враќајќи го духот на првата Панда од 1980-те години, своевиден култен автомобил.

Автомобилскиот пазар во Португалија регистрираше над 225.000 нови автомобили во 2025 година, бележејќи раст од околу 7 проценти.

Фиат Гранде Панда веќе беше и на тестирање во Аутомедиа и го направи извесно враќањето на италијанската марка во врвот на продажбата на автомобили на македонскиот пазар.

Фиат Гранде Панда · Тест · Големите автомобили се малечки

Претходна објаваФолксваген ИД.3 станува ИД.3 Нео, примерот ќе го следат и други модели
Следна објаваНајпродавани малечки СУВ во Европа во јануари

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here