Царините на Трамп им собраа 35 милијарди долари на производителите на автомобили за една година

Царините во САД ги чинат производителите на автомобили најмалку 35,4 милијарди долари од 2025 година наваму. Таа ненормална сума укажува колку е силен и брз ударот од трговската политика на Трамп врз индустријата.

Мурал во фабриката на Џенерал Моторс во Канзас; Царините се различни од производител до производител и се одредуваат според тоа колкав дел од нивната продажба во САД се увезува и од каде потекнуваат клучните компоненти во возилата што се монтираат во земјата.

Сумата ја пресметаа аналитичари раководејќи се според финансиските извештаи што производителите на автомобили ги објавија до средината на март. Во анализата се опфатени трошоците од царините за 2025 година, како и предвидувањата за штетата во досегашниот тек на годината.

Царините се разликуваат од еден до друг производител. Стапката се одредува во зависност од тоа колкав дел од понудата на модели на одреден производител се увезува од друг континент и од каде потекнуваат деловите што се вградуваат во возилата што се монтираат во фабриките во САД.

Се чини дека Тојота доби највисока сметка за царини, што се проценува на околу 9,1 милијарди долари за фискалната 2026 година, којашто завршува на 31-ви март. Детроитската Тројка, односно Џенерал Моторс, Форд и Крајслер (дел од Стелантис) на име на царина платила 6,5 милијарди долари, покажуваат финансиските извештаи.

БМВ, Хонда, Киа, Хјундаи, Мерцедес-Бенц, Нисан, Субару и Фолксваген имаат пријавено или очекуваат сметката за царини да им надмине 1 милијарда долари.

Скапите царини доаѓаат во време кога производителите на автомобили ги менуваат плановите, поради тоа што продажбата на електрични автомобили не ги исполни очекувањата, како и поради откажувањето на даночното ослободување од 7.500 долари, со коешто се поттикнуваше продажбата на електрични автомобили. Аналитичарите ценат дека вкупната штета од менувањето на плановите со електричните автомобили достигнува 70 милијарди долари.

Производителите уште чекаат појасна слика на подолг рок околу царините

Администрацијата на Трамп ги објаснува царините како поттик за производителите на автомобили и нивните добавувачи да произведуваат возила и делови во САД.

Но, и по една година, откако Трам вовееде нови царини за возила и делови, производителите уште се обидуваат да откријат кои царини ќе останат, а за кои царини може да се преговара околу нивно намалување или целосно укинување, вели Ден Хирш, директор за автомобилска и индустриска практика во Аликс Партнерс. Добивањето јасна слика ќе им овозможи да донесат решенија околу снадувањето со делови или да го сменат местото на коешто ги произведуваат возилата, за да ги избегнат царините.

„Тешко е тоа да се случи, затоа што администрацијата уште не е јасна и со цврст став околу примената и околу тоа што ќе се остави, што ќе се отстрани и што ќе се менува, и што ќе се додаде,“ вели Хирш.

Производителите плаќаат царина за возилата што ги увезуваат во САД, иако стапката зависи од земјата на потекло, раководејќи се според повеќекратните договори што администрацијата на Трамп ги постигна со трговските партнери во 2025 година. Возилата од ЕУ, Јапонија и Јужна Кореја, подлежат на царина од 15 проценти, додека за возила од Канада или Мексико, коишто се во собгласност со северноамериканската спогодба за слободна трговија, важи царина од 25 проценти, за вредноста на деловите што се вградени во возилото и не потекнуваат од САД.

Царините важат и за бројни делови. Увозната давачка за челик и алиминум изнесува 50 проценти. Администрацијата на Бајден воведе 100 процени царина за кинески ЕВ и тоа не е сменето.

Производителите надоместуваат за царините преку зголемување на цените и селење на производството

Додека чекаа да добијат јасна слика, производителите на автомобили се обидоа да го преземат товарот од царините на свој грб, верувајќи дека тие ќе бидат краткотрајни, вели Сем Фјорани, потпретседател за прогнози за светскиот пазар на возила во Ауто Форкаст Солушнс. Тоа го спречи масовното зголемување на цените што го очекуваа некои аналитичари, но место тоа се случи силен удар врз добивката на компаниите.

Поскапувањето сепак беше неизбежно. Порше неколкупати ги зголеми цените за своите возила во САД, за да ги покрие царините, и размислува дали да произведува возила во САД, и покрај тоа што се потребни огромни инвестиции.

Товарот од царините се пренесува и врз купувачите. Од третиот квартал во 2025 година, до февруари годинава, цените на возилата што се произведени во Канада, Јапонија, Германија и Мексико, пораснаа повеќе отколку цените на возилата од САД.

Царините решаваат и кои модели производителите ќе ги увезуваат во САД

Во јануари, Доџ престана со продажба на Хорнет, додека Фолксваген реши повеќе да не го нуди електричниот миниван ИД. Баз, поради царините. Џенерал Моторс најави дека во 2028 година ќе го пресели производството на следната генерација на кросоверот Бјуик Енвижн, од Кина во фабриката во Канзас.

Кон зацвршетокот на годината, опадна и бројот на продадени возила што се монтирани надвор од Северна Америка. Во последното тромесечје од 2025 година, продадени се 817.720 возила што се увезени во земјата, и тоа е за 7,9 проценти помалку отколку во истиот период во 2024 година.

Претходна објаваЦените на електричните автомобили во пад благодарение на строгите еколошки норми
Следна објаваАуди го откажа А8, повеќе внимание кон големите СУВ-ови

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here