Донгфенг отвори втор салон, Фортинг добива посебен простор

Донгфенг пушта во продажба на македонскиот пазар по десетина нови модели секоја година, сцената открива нови марки. Таквото ширење на понудата, бараше и повеќе простор.

Вториот салон на Донгфенг се наоѓа на една од најпознатите локации во Скопје, ја дели улицата со фабриките на Европа и Пивара, и пак претставува своевидно ново откритие на одлична локација за салон за автомобили во градот. Уште една важна одлика, салонот на Донгфенг е на половина километар од местото на коешто некогаш се одржуваше големиот македонски салон на автомобили Аутоекспо. Откако ќе се доуреди, салонот ќе ѝ припаѓа на Фортинг, марка на Донгфенг.

Марка што се прочу со успехот на својот Т5 Ево на македонскиот пазар, секако дека заслужува и посебен салон. Кинескиот производител Донгфенг отвори втор салон во Скопје, којшто се наоѓа на улица Кочо Битољану број 2, во центарот на шпедицијата Симакс. Во моментов, тоа е салон во којшто ќе бидат изложувани најбараните и најважни модели на производителот, што ја предводи кинеската автомобилска индустрија на нашиот пазар.

Увозникот АБЦ Брадер во почетокот ќе го води просторот како попап-салон, за во конечната форма, тој да прерасне во салон за марката Фортинг, којашто тогаш веќе очигледно ќе се издвојува како премиум марка на Донгфенг.

Како што се покажа со сите модели на Фортинг, што досега се комерцијализирани на домашниот пазар, секако со Т5 Ево, понатаму со ванот Ју-Тур, со електричната лимузина С7 и електричната изведба на Т5 Ево, што го носи името Фрајдеј, премиумот кај Фортинг не чини дваесетина проценти повеќе од големоволуменски модел, туку разликата во цената е во многу поподносливо подрачје.

Во моментов во салонот се изложени модели на Еолус, марка што со своите модели нуди најголема противвредност во групацијата Донгфенг Мотор. Секако, тоа се најновите два СУВ-модели, компактниот Мејџ и моделот што е класа над него, соодветно на името Хјуџ – иако е мала разликата во должината меѓу двата модели.

Третиот модел во „пробивната“ салонска постава добива дополнително на значење деновиве, покрај поскапувањето на нафтата и политичката неизвесност, а тоа е електричниот Нами Бокс, од сосем друга марка а Донгфенг. Тоа е воедно и најдостапниот електричен автомобил на македонскиот пазар, иако очигледно не е осмислен да биде евтин и едноставен, затоа што повеќе се наметнува како техно-трендовски модел, со опременоста и со завршната изработка.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Automedia.mk (@automedia.mk)

Од салонот што почна со работа пред неколку денови, постојано се преземаат новите автомобили од страна на купувачите, на коишто тој чин на прво седнување во новото возило, секако дека им причинува дополнително задоволство во средината на бизнис центарот.

Од новитетите што годинава доаѓаат во понудата на Донгфенг, со сите свои марки, засега се потврдени електричниот Нами Виго, кросовер што е поголем од Нами Бокс, и ништо помалку од револуционерната Фортинг С7 РЕЕВ – како прв електричен автомобил на нашиот пазар, што располага со бензински генератор, за патувањето на долг пат да не биде толку зависно од достапноста на полначи за електрични возила.

Тоа е сосем различен погон од приклучните хибриди, затоа што моторот е помал, а цената е многу поприфатлива и поради тоа што кај РЕЕВ нема потреба од менувач. Меѓу новитетите секако се очекуваат и хибридни изведби на Еолус Мејџ и Хјуџ.

Донгфенг Еолус Шајн ГС · Тест · Погодок од слободен удар

Во просторот се препознава деталноста на кинеската умешност на уредување на просторот, со лесен пристап, широк простор, добро осветлување, сé е јасно и прегледно. Тоа што остава впечаток е секако располагањето со места за паркирање на возилата на клиентите и пречекот во просторот, со средено зеленило пред влезот. Кога ќе доаѓаат регионалните менаџери од Донгфенг, ќе се уверат дека и во Македoнија умееме добро да го владееме средувањето на просторот. И, најважното, да препознаеме добра понуда. Со среќа отворањето на вториот салон, Донгфенг!

Претходна објаваСузуки Витара доби електрична изведба, првите возила доаѓаат во април
Следна објаваШкода повторно пријавува рекорди, добро врви и бизнисот со електрични автомобили

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here