Киа со акциска понуда за Ексид, спојува противвредност со купе-стил

Кросоверот Киа Ексид (Kia Xceed) уште рано се издвои во сегментот на кросовери што отстапуваат од класичната шема на СУВ-коцки. Денес има најмалку 15-на модели во сегментот, но Xceed пак се издвојува со стилот и со противвредноста.

Киа Ексид на првиот тест во Аутомедиа, тогаш со 1,5-литарскиот мотор

Моделот Сид што со генерации го придружуваше Спортаж, како носечки модел во продажбата на Киа на македонскиот пазар, повеќе не се произведува. За да го пополни тој простор, Киа ги насочи салонските рефлектори кон два соседни модели. Едниот е Стоник, во меѓувреме во ново моделско годиште, другиот е Ексид, со акциска понуда што го издвојува кросоверот.

Со заминувањето на компактот Сид од понудата на Киа, на моделот што пред дваесет години придонесе за пробивот на марката на македонскиот пазар, исто колку Спортаж, дел од потенцијалните купувачи на Сид се пренасочија кон Стоник. Кросоверот од Б-сегментот брзо снајде во новата улога и главно освојува со богатата опременост, покрај останатите доблести на марката.

Киа сега им се обраќа и на купувачите што претходно посегнуваа по Сид, по нејзините верзии со посилни мотори и со побогата опременост, со коишто се доаѓаше до цени блиски до Ексид, така што многумина веднаш се решаваа за тој „апгрејд“. Со сегашната акциска понуда, Киа всушност ја нагласува таа улога на својот „ран“ кросовер, покрај Тојота Ц-ХР, Купра Форментор и Мазда Ц-Икс 30.

Уште еден фактор што влијаеше врз нагласувањето на сегашната улога и место на Ексид, секако е моделското освежување на шампионскиот модел на Киа на македонскиот пазар, компактниот СУВ-модел Спортаж, што со новиот стил, но и со значително збогатената опременост, чини десетина проценти над верзијата пред фејслифтот.

Ексид го следи стилот на Сид, но е спакуван во сосем различна каросерија. Единствено предните врати се исти кај двата модели. Кросоверот е подолг, поширок и за 50 милиметри повисок од Сид. Багажникот исто така нуди околу 30 литри повеќе простор.

Акцискиот модел доаѓа со 1,6-литарски турбо бензинец со 150 КС и 7-степен менувач со двојна спојка, со нивото на опременост Концепт и попуст од 1.500 евра од редовната цена. Место 26.950 евра, Киа Ексид чини 25.450 евра. За споредба, Тојота Ц-ХР стартува од 29.990 евра, исто така акциски модел, иако доаѓа со хибриден погон со 140 КС.

До вебсајтот на Киа за моделот Сид

https://kia.mk/mk-MK/models/xceed/xceed-representation

Тоа што ја издвојува Киа Ексид е противвредноста, односно колку автомобил се добива за парите. Почнувајќи од системи за асистенција, систем за следење лента, автоматско долго светло и задна камера, преку автоматски двозонски клима уред, тркала од лесен метал од 16 инчи, сензор за дожд, дополнително затемнети задни стакла, средишен дисплеј од 10,25 инчи, Ексид веќе нуди многу повеќе од просекот во ова конкуренциско поле.

Киа веќе има модел што го заменува Сид во понудата, тоа е новиот К4, меѓутоа за разлика од Сид, што се произведуваше во Жилина, Словачка, новакот се испорачува од фабриката на Киа во Мексико, и моделот со тоа подлежи на дополнителна царина. Во моментов, К4 не се продава на ниту еден пазар во соседството.

Ексид наскоро ќе доживее фејслифт во стилот на Спортаж и Стоник, со светла во „ѕвездена мапа“, но тоа веројатно ќе ги смени и цените.

Киа Ексид повеќепати беше на тест возење во Аутомедиа

Тест · Kia XCeed Plug-in Hybrid · До петок на струја, за викенд на бензин

Патување со Kia XCeed до најголемиот речен остров во Македонија

Тест · Kia XCeed 1.5 T-GDi

Тест: Kia XCeed 1.5 T-GDi

Претходна објаваЕлектричните автомобили одеднаш престанаа да бидат толку смешни
Следна објаваЈапонски авто-компании се префрлија на руски алуминиум поради војната во Иран

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here