Фолксваген и Стелантис бараат ЕУ повеќе да се заложи за автомобилската индустрија

Концерните Фолксваген и Стелантис притискаат за Европска Унија да се посвети повеќе во заштитата на автомобилската индустрија, којашто е под удар на заострените геополитички односи и засилената конкуренција од производителите од Кина.

Фолксваген ИД.3 сликан во фотоволтаичката централа на ЕВН во Војшанци, неготинско, во 2021 година

Од ЕУ се бара да воведе бонуси врз основа на емисијата на јаглероден диоксид, за возилата што се произведени во Европа, со цел да се сочуваат работните места и да им се помогне на компаниите да ги исполнат целите за заштита на климата. Тоа е пораката од извршните директори на Стелантис и Фолксваген, во објавата во францускиот дневен весник Ле Ехос од 4-ти февруари, и во уште два медиуми.

„Европа е сведок на создавањето на новите геополитички ривалства,“ пишуваат Антонио Филоса, извршен директор на Стелантис, и Оливер Блуме, извршен директор на Фолксваген. „Трговијата, технологијата и индистриските капацитети се мобилизираат повеќе од кога било досега во служба на националните интереси. Европска Унија мора брзо да го избере својот пат,“ порачуваат директорите.

Франција е меѓу државите што притискаат за т.н. „ЕУ-преференца“ за електрични возила, во време додека Брисел работи на нова регулатива за автомобилската индустрија. Европската Комисија, извршно тело на ЕУ, требаше уште во јануари да реши околу новите „Мејд ин Јуроп“ правила, но сé уште постојат големи разидувања на оваа тема и одлучувањето е одложено за најмалку еден месец.

Стелантис е еден од производителите што ги критикуваа досегашните предлози на ЕУ, коишто се во насока на ублажување на последиците од скапото преоѓање на електричен погон врз производителите на автомобили.

„Инвестираме многу за да создадеме интегриран европски сектор, што е од суштинско значење за нашата технолошка самостојност, но купувачите со право бараат достапни електрични возила,“ порачуваат двата директори. „Сепак, како што расте потребата за цените да се држат ниски, така расте и неопходноста за увоз на најевтините батерии.“

Претходна објаваБезбеден град нé заштити од теророт во сообраќајот, од фанатизмот допрво
Следна објаваОткажувањето на плановите за електрични возила го чинеше Стелантис 22 милијарди евра, последица од политиката на Трамп

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here