Најпродавани електрични автомобили во Европа во 2025 година

На пазарите во ЕУ, Швајцарија и Обединетото Кралство во 2025 година биле регистрирани близу 2,6 милиони нови батериски електрични автомобили, за третина повеќе отколку во претходната година.

Меѓу 10-те најпродавани електрични автомобили во западна Европа лани, единствено Тесла имаше поголем пад во продажбата кај своите Модел Ипсилон и Модел 3

Како што објавивме претходно, Фолксваген во 2025 година ја презеде од Тесла титулата на најпродавана електрична марка на западноевропските пазари. На Тесла сепак ѝ остана титулата на најпродаван модел со електричен погон. Следат десетте најпродавани батериски електрични автомобили.

Шампионскиот наслов во конуренција на марки му припадна на Фолскваген, како најпродавана марка батериски електрични автомобили во минатата година, меѓутоа Тесла го задржа шампинскиот наслов во конкуренција на модели.

Тесла Модел Ипсилон и во 2025 година беше најпродаван БЕВ, со 151.331 возило. Но, шампионското место на Тесла како електро специјалист веќе е разнишано. Од десетте најпродавани батериски електрични автомобили во Европа, единствено Тесла Модел Ипсилон и Тесла Модел 3 имаат посериозен пад во продажбата.

Кај СУВ-моделот од средната класа, продажбата опаднала за 28 проценти, додека лимузината Модел 3 изгубила 23,6 проценти од пазарот во 2024 година. Наспроти тоа, сите останати модели во Топ 10 имаат најмалку двоцифрен раст, со исклуок на Шкода Енијак, чијашто продажба имаше пад од 2,3 проценти.

Пазарот на батериски електрични автомобили во Европа зеде нов замав во 2025 година, со раст од 29,7 проценти и дополнително продадени 591.639 автомобил во минатата година. Меѓутоа, Тесла не само што не учествуваше во пазарниот раст, туку е и најголемиот губитник.

Според аналитичарите, тоа се должи на застарените модели на Тесла, на силната конкуренција од традиционалните марки и доаѓањето нови и подостапни модели со погонна струја.

Десетте најпродавани електрични модели во Европа во 2025 година

Претходна објаваФиат Страда најпродаван автомобил во Јужна Америка во 2025 година
Следна објаваСубвенциите за електрични автомобили во Германија може скапо да ги чинат домашните производители

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here