ЕУ попушта околу забраната за мотори со внатрешно согорување под притисок од производителите

Европската комисија ќе се откаже од забрана за продажба на нови автомобили со мотор со внатрешно согорување во ЕУ по 2035 година и ќе дозволи до 10 проценти автомобили што не се електрични, под притисок од Германија, Италија и автомобилскиот сектор во Европа.

Фолксваген Тигуан е најпродаван приклучен хибрид во Германија. Продажбата на нови приклучни хибриди веројатно ќе продолжи и по 2035 година

Извршното тело на ЕУ веројатно попушти на барањето на производителите на автомобили, да им се дозволи продажба на приклучни хибриди и електрични автомобили со продолжувач на досег, што користат био гориво или вештачко гориво, со неутрална емисија на ЦО2. За тоа веројатно влијаеше и сé посилниот притисок од електричните автомобили од Кина.

Овој потег, што понатаму треба да добие одобрение од владите на ЕУ и од Европскиот парламент, ќе биде најголемата отстапка на ЕУ од својата зелена политика во последните пет години.

Производителите на автомобили, како групациите Фолксваген и Стелантис, се залагаат за поблаги цели и пониски казни доколку не се исполнат целите. Европското здружение на производители на автомобили АЦЕА оцени, дека тоа е „решавачки момент“ за индустријата, додавајќи дека комисијата би требало да ги ублажи и преодните цели за 2030 година.

Производителите на електрични возила сепак посочуваат дека тоа ќе ги подрие вложувањата и ќе дозволи ЕУ да ѝ отстапи уште повеќе простор на Кина, при преоѓањето на електрични возила.

„Преоѓањето од строгата цел за 100 проценти нулта емисија на 90 проценти, можеби се чини дека е мало, но доколку сега го направиме овој чекор назад, нема да ѝ наштетиме само на климата. Ќе наштетиме и на способноста на Европа да конкурира“, кажа извршниот директор на Полстар, Михаел Лошелер.

Вилијам Тодс, извршен директор на здружението за заштита на животната средина Т и Е, кажа дека ЕУ само купува време додека Кина напредува.

„Потпирајќи се на моторите со внатрешно согорување, европските производители автомобили нема да си ја вратат големината,“ кажа тој.

[the_ad id=”85764″]

ЕУ може да бара електричните автомобили да содржат одреден удел од локално потекло

Комисијата темелно ќе ги изложи плановите за зголемување на уделот на електрични возила во компаниските возни паркови, а посебно кај службените возила, на коишто отпаѓаат 60 проценти од продажбата во Европа. Точните мерки не се соопштуваат, меѓутоа веројатно ќе се постави услов, за одреден дел од компонентите да се произведени локално. Автомобилската индустрија бара поттик, а не строги цели.

Извршната власт на ЕУ веројатно ќе предложи и нова категорија за малечки електрични возила, за коишто ќе важат пониски даноци и коишто ќе придонесат за смалување на емисијата на ЦО2 во насока на целите на Унијата.

Претходна објаваПежо пред 20 години: Несекојдневниот 1007 беше првиот „00“ модел
Следна објаваФорд ќе го произведува Бронко во Шпанија со приклучен хибриден погон

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here