
СУВ-моделот ќе се произведува заедно со компактниот СУВ Куга во фабриката на Форд во Валенсија, Шпанија, и ќе се нуди со приклучен хибриден погон. Производителот уште ја нема објавено веста, информацијата потекнува од внатрешни извори.
Шпанскиот Бронко ќе биде незначително помал од Куга и нема техничка поврзаност со поголемите Бронко и Бронко Спорт, коишто се модели насочени повеќе кон теренските својства и се продаваат во САД.
Одлуката на Форд да го користи звучното име Бронко, што е познато од моделската понуда за САД, претставува продолжение на стратегијата да се нагласува традицијата на марката од домашниот пазар. Форд се откажа од имиџот на генералистичка марка во својот настап на европскиот пазар и место тоа се сосредоточува на „големите имиња“ на марката.
Стратегијата започна со пуштањето во продажба на електричниот СУВ-модел под името Експлорер, којшто се произведува во Келн, Германија.
Форд претходно соопшти дека во Валенсија ќе произведува нов „мултиенергетски“ модел, што треба да се појави во 2027 година. Производителот не открива понатамошни поединости околу понудата од модели за Европа.
Со воведувањето на Бронко ќе се постигне неопходното зголемување на продукцијата во фабриката во Валенсија, каде што во моментов се произведува само Куга, откако престана производството на низа модели, како Мондео од седната класа и вановите Галакси и С-Макс.
Џип Компас и Цитроен Ц5 Еркрос главни соперници
Бронко се приклучува на трендот на теренци со модерен изглед, со стилот што прв го воведе поголемиот и премиум модел Ланд Ровер Дефендер.

Главен соперник во сегментот на СУВ од компакт класата во Европа ќе биде неодамна лансираниот Џип Компас во новата генерација, којшто има сличен изглед. Планот е во почетокот на 2026 година да се воведе модел со приклучен хибриден погон, којшто ќе им се придружи на електричната и благата хибридна изведба што се нудат во моментов.
[the_ad id=”85764″]
Меѓу конкурентите ќе бидат Ситроен Ц5 Еркрос, Фолксваген Т-Рок и слични модели
Бронко ќе биде помал од Куга и ќе ја пополни празнината во понудата до малечката Пума.
Електрична изведба не се планира во почетокот на продажбата на Бронко. Форд сепак нагласува дека моделот ќе биде „мултиенергетски“, што укажува дека ќе се понуди и друг вид погон, веројатно класичен хибрид.
Се засилува понудата на Форд во Европа
Бронко ќе донесе зголемување во продажбата на Форд во Европа, каде што присуството на марката се сведува главно на бестселерот Пума. Малечкиот СУВ е 5-ти најпродаван СУВ во градската класа, со продадени 128.409 примероци до октомври.

Куга веќе влегува во години, по лансирањето во 2019 година, и е втор најпродаван модел на Форд во Европа, со 83.909 возила.
На 17-ти ноември беше произведен последниот Фокус во фабриката во Зарлуи, Германија.















