Најпродавани 10 модели во најпродаваниот сегмент, од ФВ Тигуан до Шкода Елрок

СУВ-моделите од компакт класата и натаму се најпродаван вид на возило на европскиот пазар. Меѓу 10-те најпродавани модел веќе има еден чисто електричен модел.

Фау Ве Тигуан бележи висока продажба поради популарноста на изведбата со приклучен хибриден погон со долг досег

Најголемиот дел од европскиот пазар и во септември им припадна на СУВ-моделите од компакт класата. За девет месеци се продадени преку 1,8 милион возила од сегментот и тоа е раст од 18,4 проценти во споредба со лани.

Европските возачки и возачи најмногу се решаваат за СУВ-модел од компактна класа од големоволуменските марки. Овие модели постигнале вкупно 1.810.029 продажби во првите девет месеци од 2025 година, односно 281.450 возила само во септември.

Во сегментот не се вклучени компактните СУВ-модели од премиум марките, коишто се водат посебно и самите постигнале 559.587 продажби до септември.

Тоа е еден од ретките поголеми сегменти во коишто годинава има раст во продажбата, покрај СУВ и кросовери од средна класа (+23,7%). Втор најголем сегмент се Б-СУВ моделите, со 1.693.670 продажби, но таму има пад од 1,3 процент.

Најпродаван модел во овој сегмент е Фолксваген Тигуан, чијашто продажба воедно бележи и солиден раст од 6,7 проценти, што се должи на популарноста на изведбата со приклучен хибриден погон. Втора е Киа Спортаж (тест), каде што преоѓањето во новото моделско годиште предизвика куса пауза, па оттаму и падот од 11,1 проценти. Бестселерот на Киа е сосем извесно дека ќе го надомести тоа до завршетокот на годината. Трет е близнакот на Спортаж, Тусон.

[the_ad id=”85764″]

Пежо 3008 е високо на 5-то место, вклучувајќи ја и неговата електрична изведба. Пријатна глетка е Шкода Елрок на 10-то место, единствен модел што се нуди само во батериска електрична изведба и секако ужива висока популарност.

Чешкиот СУВ е воедно и трет најпродаван БЕВ на целиот европски пазар, пред Фолксваген ИД.4 и ИД.3.

Претходна објаваКомбето на Киа е светски рекордер, вози на струја и натоварено до врв мина 693 километри
Следна објаваБританскиот моден дизајнер Пол Смит отпакува уште едно посебно МИНИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here