
Оперативната добивка на Волво порасна на 6,4 милијарди круни (околу 590 милиони евра), објави компанијата на 23-ти октомври, што е далеку над предвидувањата на аналитичарите. Порасна и бруто маржата во изминатото тромесечје.
„Акцискиот план доведе до смалување на варијабилните и индиректните трошоци во тромесечјето побрзо од очекувањата,“ стои во соопштението од производителот. Продажбата во првите девет месеци од годината е намалена за 8 проценти, меѓутоа компанијата во септември успеа да постигне благ раст во продажбата.
Овие резулати покажуваат дека реструктурирањето што го отпочна извршниот директор Хакан Самуелсон вродило со плод. Извршниот директор, кој во април беше повикан да се врати во компанијата, има цел да ја врати профитабилноста на Волво преку програма за ефикасност, којашто вклучува и скусување илјадници рабвотни места.
Како повеќето производители на автомобили, Волво е погоден од царините во САД. Како дел од кинески Џили и со производство на дел од своите возила во Кина, Волво мора да се соочи и со зголемените царини за увоз на ЕВ од Кина во ЕУ. Поради тоа, Волво мораше да префрли дел од својата продукција во Белгија и Јужна Каролина.
„Мораме да бидеме компанија од САД за да произведуваме поблиску до нашите клиенти,“ порача Самуелсон во интервју за телевизијата Блумберг. „Верувам во иднината на нашата компанија.“
Кинеската сопственост над Волво побуди загриженост, дека продажбата на нови автомобили во САД би можело да биде спречена, во време кога Вашингтон го зајакнува надзорот над производителите на автомобили што се поврзани со моќната азиска држава. Самуелсон посочи дека нема потреба од загриженост, затоа што претставниците на Волво се во постојан дијалог со министерството за економија во САД.
„Не се вознемирувам премногу,“ кажа тој. „Во САД сме присутни 70 години и ќе продолжиме да бидеме присутни во САД.“
Видеото од тестот на Волво Икс Ц 90, најпрестижниот модел на марката
Волво очекува многу од новите модели, што ќе донесат раст во продажбата
Волво очекува голем раст во продажбата со новите модели, вклучувајќи го СУВ-моделот од средна класа Икс Ц 70, со приклучен хибриден погон. Произведуван во фабриката во Тајџоу, Кина, главно за домашниот пазар, овој модел ќе се продава и во Европа. Волво сепак не наведе кога планира да почне со извоз на моделот од Кина. Шведскиот производител планира во јануари да пушти во продажба целосно електрична изведба од својот најпродаван модел Икс Ц 60, под ознаката Е Икс 60.
Вредноста на акциите на Волво на 23-ти октомври порасна за 29 проценти, што е најголем дневен раст од 1-ви февруари 2024 годинанаваму. Акциите годинава се 17 проценти повисоки во споредба со лани.















