Предлогот од 28-ми август претставува прв чекор на ЕУ во насока на исполнување на рамковната спогодба меѓу претседателот Доналд Трамп и претседателката на Комисијата Урсула фон дер Лајен што беше потпишана на 27-ми јули. Со таа спогодба, ЕУ прифати универзална царинска стапка од 15 проценти, со цел да се спречат штетите од трговската војна.
САД прифати да ги спушти царините за автомобили што се произведени во ЕУ, на 15 проценти, од претходните 27,5 проценти, почнувајќи од првиот ден во месецот во којшто ЕУ го изнесе својот предлог, а тоа значи од 1-ви август.
Со спогодбата беше одбележан крајот на конфликтот меѓу двата најголеми трговски и инвестициски партнери, иако САД извлекоа поголема корист. Од Брисел беше побарано да ги скуси царините и да купува повеќе енергетски производи од САД, додека Вашингтон ги задржа царините за 70 проценти од извозот од ЕУ.
Трамп честопати упатуваше ниски удари кон Европската Унија и во февруари дури изјави, дека таа била „формирана за да се зезнат Соединетите Држави“ и негодуваше за трговскиот дефицит на САД со ЕУ, којшто во минатата година достигна 235 милијарди долари.
Владите на државите членки на ЕУ јасно искажаа став дека ја прифаќаат спогодбата како помало зло, имајќи предвид дека Трамп во спротивно ќе воведеше царини за речиси сите производи што се увезуваат од ЕУ.
Последиците од отстранувањето на царините за индустриската стока се чини дека се мали, затоа што две третини од стоката веќе се ослободени од царини. Просечната царинска стапка на ЕУ за производи од САД изнесува 1,35 процент, цени економскиот експерт Бригел, иако ЕУ наплаќа 10 проценти царини за увоз на автомобили од САД.
Предлозите на ЕУ вклучуваат и земјоделски производи, со целосно ословодување од царина за компир, скусена царина за домати и квота со нулта или намалена царина за свинско месо, какао и пица.
Изземени се говедско и живинско месо, ориз и етанол.
„Ги штитиме нашите одбранбени интереси. Обврзувањата што ги дадовме секако дека се значајни, но во исто време, би посочил дека тие денес не нé чинат прескапо,“ изјави претставник на Комисијата, додавајќи дека останатите Г7 членки веќе ја либерализирале трговијата со ЕУ.
Предлогот за легализација од страна на ЕУ мора да добие одобрение од повеќето од 27-те членки на ЕУ и од Европскиот Парламент, што може да трае неколку седмици.
Поддржателите на спогодбата се сложуваат дека зголемените царини на САД остануваат, но посочуваат на единствениот договор за Европската Унија, со којшто претходно важечките царини во САД, како 2,5-те проценти за автомобили и до 20 проценти за сирење, не се вклучени во царината од 15 проценти што важи општо.
Вредност на увозната стока од ЕУ во САД во 2024 година

Некои производи, вкучувајќи летала, плута и генерички лекови се исклучени од царинската стапка од 15 проценти, но останаа 50-те проценти за челикот, алуминиумот и бакарот.
Во спогодбата само малку се спомнува за дигиталните услуги. Трамп во неделава што изминува сепак се закани со дополнителни царини за сите држави, со даноци или закони за дигитални услуги.
















