БМВ се залага за дизели што работат на гориво од растителни извори

БМВ се залага за политиката да ја земе предвид придобивката за животната средина од користењето растителен дизел. Во фабрика веќе се полни ХВО100.

Покрај чистиот електричен погон, друг начин за животната средина да се поштеди од емисија од ЦО2 е користење дизел од растително потекло. БМВ силно се залага на тој фронт.

Групацијата БМВ на 22-ри и 23-ти декември прусуствува на „Деновите на возниот парк во Европа“, што се одржуваат во Луксембург, за на компаниите со големи возни паркови да им укаже на можноста за тие да го смалат својот карбонски отпечаток преку точење растителен дизел во своите возила.

БМВ и целата бранша настапуваат со ставот дека преку 250 милиони автомобили што се регистрирани во Европа во моментов, може уште веднаш да ја смалат емисијата на ЦО2, доколку се зголеми уделот на горива од обновливи извори.

Минхенскиот производител од јануари годинава точи ХВО100 на излез од фабрика во сите свои возила што се наменети за продажба на германскиот пазар. Целта е на овој начин да се докаже дека декарбонизацијата е изводлива и преку користење „растителен дизел“, односно дизел од обновливи извори.

Кратенката ХВО стои за „хајдротритед веџтабл оил“, односно хидрирано растително масло, додека бројката 100 значи дека горивото целосно се состои од ХВО.

Во фабриките на групацијата БМВ во Минхен, Динголфинг, Регенсбург и Лајпцих се користи дизел ХВО100 од Несте.

Горивото е производ на финската компанија Несте и овозможува смалување на емисијата на ЦО2 до 90 проценти, сметано од извор до тркало (вел то вил). Во фабрика обично се полнат пет до осум литри.

Групацијата БМВ се држи до ставот дека треба паралелно да се нудат сите видови погони и погонски горива, од технолошки напредни мотори со висока ефикасност до целосно електрични автомобили на батериски и водороден погон.

Видеото од тестот на БМВ Икс 3 во Аутомедиа

БМВ веќе одамна има одобрено разни видови регенеративни погнкси горива, меѓу кои ХВО100, Б10 и еФјул, според нормата ЕН590 за дизели, односно Е25 и еФјул според норма ЕН228 за бензинци.

Претходна објаваМини Купер · Тест · Зипуван Гран Туризмо
Следна објаваДобивката на Волво расте повторно, кратењето трошоци донесе резултат

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here