Новиот Mondeo е прв модел на Ford со адаптивни диодни светла

Знаменосецот на Ford е прв европски модел на марката за когошто се достапни иновативните светла со диодна техника. „Ford Dynamic LED“се приспособува според средината и условите на возење.

Новиот Mondeo е прв модел во европската понуда на Ford којшто со доплата може да се добие со иновативните светла со диодна техника. Основата на „Ford Dynamic LED“ се силни светлечки диоди, коишто се приспособуваат според средината и условите на возење, постигнувајќи на тој начин оптимално осветлување на патот, односно поголема безбедност и релаксираност ва возачот.

Диодни светилки се користат за сите функции на осветлување на Mondeo, почнувајќи од трепкачите до долгите светла. Предност на осветлувањето со диоди е температурата на боја што е слична со дневното светло, како и долготрајноста на техниката и ниската потрошувачка на струја. Ford Dynamic LED се приспособува според патот, односно го следи вртењето на воланот или вклучувањето на трепкачите. Должината на светлосниот сноп и ширината на полето на осветлување се менуваат според брзината. На автопат, снопот е подолг и повеќе концентриран на патот, додека при бавно возење, на пример во споредна улица, дополнително се осветлува и подрачјето покрај патот. Со тоа отпаѓа и потребата од префрлување меѓу долго и соборено светло.

Диодните светла на германскиот пазар се достапни во „дизајн-пакет 2“, заедно со пристап и стартување без клуч, отворање на задниот капак со електромотор, со цена од 1.650 евра за нивото Titanium. Цените за новиот Mondeo на матичниот пазар почнуваат од 27.150 евра за моделската верзија со новиот 1,5-литарски бензинец со 160 КС и ниво на опрема Trend. Другите бензинци се 2.0 EcoBoost со 203 КС (34.150 евра) и 2.0 EcoBoost со 240 КС (36.150 евра). Обата модела се во највисокото ниво на опрема Trend, со шестстепен автоматски менувач. Новите и подостапни бензинци и пониските нивоа на опрема ќе следуваат напролет. Дизелската понуда почнува со Mondeo 1.6 TDCI Trend со 115 КС за 28.200 евра, над него е 2.0 TDCI во верзии со 150 КС и со 180 КС. Новитет е хибридниот модел со 2,0-литарски бензинец со 177 КС и електромотор, со цена од 34.950 евра.

Во нивото на опрема Trend за германскиот пазар се опфатени контрола на стабилност со помош при поаѓање на нагорнина, 7 воздушни перници, систем старт-стоп, магленки, патен компјутер со дисплеј од 5,8 cm, електрика на сите прозорци, централна брава со далечинска команда, електрика и греење на ретровизори, 2-зонска автоматска клима, потпирач за рака напред, кожа на волан и на рачка на менувач, радио со команди на волан и приклучок USB, електрично местење на висина на предни седиштаи поделена задна клупа.

Претходна објаваcar2go: Италијанците го обожуваат краткотрајното изнајмување возило
Следна објаваИниеста и Силва се новите амбасадори на Nissan

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here