Работниците во фабриките за автомобили во Италија ќе добијат 7% зголемување

Зголемувањето на платата важи и за работниците на Ферари

Платите прво ќе се зголемат за 3,7 проценти, почнувајќи уште од јуни, за во следниот јануари да следи уште едно зголемување за 2 проценти, по што во ноември 2026 година, платите ќе се накачaт за уште 0,8 проценти. Тоа во посебно соопштение го објавија производителите на автомобили и работничките синдикати.

Договорот опфаќа преку 60.000 работници во Италија, во Стелантис, Ферари, Ивеко и ЦНХ. Сите овие компании имаат корени во поранешната групација Фиат.

За време на шестмесечните преговори што ѝ претходеа на спогодбата од 6-ти јуни, не се случија штрајкови во Италија.

Работниците на завршетокот на јуни ќе добијат 240 евра еднократна исплата, и исто толкава сума во април следната година.

Спогодбата е дел од поширокото обновување на договорот за работа што компаниите и синдикатите го договорија во 2023 година, од којшто остана да се постигне договор само уште за последните две години.

[the_ad id=”85764″]

Со претходниот договор, платите беа зголемени за вкупно 11 проценти во 2023 и 2024 година, кога инфлацијата во Италија го достигна врвот од 10 проценти. Со последните зголемувања, платите на завршетокот на четиригодишниот договор ќе достигнат вкупно зголемување од 18,7 проценти, соопштуваат синдикатите.

Претходна објаваОпел Грандленд · Тест · Сега станува многу сериозно
Следна објаваВолво вгради вештачка интелигенција во безбедносниот ремен

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here