Концернот Фолксваген буквално владее со пазарот на електрични автомобили во Европа од почетокот на годинава, со пет модели и три марки во Топ 10.
Првото место и натаму ѝ припаѓа на Тесла Модел Ипсилон со 35.219 продадени возила до април, меѓутоа вистинската слика покажува сосем различна ситуација. Производителот од САД, предводен од контреверзниот милијардер Илон Маск, изгуби 48,4 проценти од пазарот што го имаше во истиот период лани, кога продаде 68.261 возило.
Наспроти тоа, Фолксваген притиска со своите електрични авотмобили и го донесе својот ИД.4, компактен СУВ со големина слична на Тигуан, на второто место, со раст од 71,2 проценти и продадени 27.290 возила, што е за 11.351 возило повеќе во споредба со истиот период лани.
Уште еден модел на Тесла е на третото место, Модел 3, којшто веќе е презастарен во однос на конкуренцијата и се продаде во 26.483 примероци, исто така со пад од 16,9 проценти.
Веднаш потоа следи електро-вицешампионот на Фолксваген, ИД.7 односно електричната замена за Пасат, со раст од историски размери. Комбилимузината со рекордерска аеродинамичност ја зголеми продажбата осумпати во споредба со лани, со 25.538 возила, што е заостаток од одвај илјада примероци зад Модел 3.
Водечката петорка ја заокружува третиот електричен Фолксваген, ИД.3, којшто имаше моделско овежување, што е уште еден поттик за продажбата да постигне раст од 77,2 проценти.
Високо е уште еден модел што е сосем извесно дека ќе остане да се бори за тие места, Киа ЕВ3, компактен СУВ, во којшто корејскиот производител вложува многу надежи, и тоа не останува без резултати. Само триесетина возила е разликата со ИД.3.
Рено 5 во ретро-издание се држи добро, исто како и Шкода Ениак, којашто веќе подолго време е меѓу најпродаваните и недвојбено е прифатена на пазарот.
[the_ad id=”85764″]
Првата премиум марка во електричниот Топ 10 е БМВ, со својот и-Икс-1, со точно 20.000 примероци и раст од 29,5 проценти. Десетката ја заокружува премиум Ауди Ку6 е-трон, со преку 16.000 возила и фантастичен раст од 5.392,9%, односно повеќе од 50-кратно зголемување во продажбата во споредба со првите четири месеци лани, кога од престижниот модел беа регистрирани само 297 примероци, во почетокот од неговата кариера.
Вкупно 759.325 електрични автомобили се продадени во Европа во првите четири месеци од 2025 година, што дава раст од 27,5 проценти.
















