Гори брод со автомобили од Кина на пат за Мексико

Товарен брод е напуштен среде Пацифичкиот Океан, откако во вторникот избувнал пожар. Бродот превезувал автомобили од неколку кинески прозиводители, јавуваат извори на Блумберг.

Бродот Морнинг Мидас превезувал 3.048 автомобили од кинески производители, меѓу другото од Чери и Грејт Вол, кон пристаниште во Мексико. Во моментов уште не е потврдено кое е електричното возило што го предизвикало пожарот.

На бродот што испловил од пристаништето во Јантај, во источна Кина, исто така се наоѓале примероци од Бјујк Енвижн, модел што кинески САИЦ го произведува за Џенерал Моторс. Корисник на бродот е Анји Логистикс, фирма во сопственост на САИЦ (производител на МГ).

Во вторникот првпат било забележано дека се шири чад од палубата на бродот, натоварен со околу 750 електрични и хибридни автомобили. Екипажот се впуштил во гаснење на пожарот, но безуспешно. Операторот Зодијак Меритим соопшти дека биле испратени екипи за спасување и противпожарни тимови.

Пожарот избувнал во моментот кога бродот се наоѓал на оддалеченост од околу 500 километри од Адак Ајленд на Аљаска. Крајбрежната стража евакуирала 22 членови на екипажот и ги префрлила на трговски брод што бил во близина.

Претходна објаваКиа Спортаж е трет најпродаван компактен СУВ во Европа, наскоро во освежено моделско годиште
Следна објаваТојота Мотор и Акио Тојода нудат 33 милијарди долари за да ја преземат „проблематичната“ Тојота Индастрис

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here