Провајдерот на мрежа од полначи за електрични автомобили Јонити почна да поставува станици со полначи ширум Европа, коишто располагаат со значително повисока моќност од таа што можат да ја постигнат денешните електрични автомобили. Со овој чекор им се обезбедува сигурна почва на идните електрични модели, што ќе полнат батерија многу побрзо.
Јонити е компанија финансирана од Мерцедес, БМВ, Фолксваген и Форд и планира уште годинава да ги пушти во употреба своите станици со полначи ХИЦ1000.
„Одржуваме блиски контакти со бројни производители на автомобили и очекуваме голем број нови електрични возила да стартуваат со продажба во следните години, што ќе бидат способни да полнат со толку висока моќност во нашата мрежа,“ соопштуваат претставници на Јонити за Аутомотив Њуз Европа. „Нашата инфраструктура е создадена за да ги подджи потребите на идните генерации ЕВ, од коишто се очекува да обезбедат значително побрзо полнење.“
Од компанијата не наведуваат каде ќе бидат поставени станиците со полначи од 600 киловати, а не се соопштува и бројот на станиците што ќе бидат пуштени во користење во текот на оваа и во следната година.
Јонити планира својата мрежа од полначи ширум Европа да ја зголеми на преку 1.300 станици, во споредба со постоечките 750 станици. Тоа опфаќа и зголемување на бројот на места за полнење, од сегашните 5.000 на идните 13.000 места.
Полначите се производ на Алпитроник и во моментов се тестираат во погон во близина на седиштето на компанијата што се наоѓа во Минхен.
Јонити цени дека полначите ќе обезбедат доволно моќност за енергија за околу 300 километри пат да се наполни за помалку од осум минути.
ХИЦ1000 користи т.н. дистрибуирана архитектура, односно диспензерот за еднонасочна струја е одвоен од напојувачкиот центар, со цел да се заштеди простор. Од секој центар излегуваат четири диспензери, од коишто понатаму се извлекуваат по два приклучоци за полнење. Тоа значи дека во исто време може да полнат осум возила, под напон од 150 до 1.000 волти, во поделоци од по 62,5 киловати.
Во моментов не постои елкектрично возило што може целосно да ја искористи моќноста на полначот од 600 киловати, но таа моќност може да се споделува.
Во меѓувреме, производителите на автомобили работат на повисока моќност на полнење. Волво најавува дека нивниот електро знаменосец ЕС90 ќе почни енергија за 300 километри пат за само 10 минути, со користење станица од 350 киловати. ЕС90 воедно може да наполни батерија од 10 до 80 проценти за само 20 минути, што е за 30% побрзо во споредба со најпрестижниот електричен СУВ-модел Е Икс 90, што во меѓувреме стартуваше со продажба и во Македонија.
[the_ad id=”85764″]
Се води тесна трка да се постигне најбрзо полнење.
Кинескиот производител БИД во март лансираше супер е-платформа, што располага со флеш-полнење, со електромотор што постигнува 30.000 вртежи во минута и поседува нови чипови со силиконски карбид.
Системот нуди моќност од 1 мегават (1.000 киловати) и брзина на полнење од 2 километри во секунда, што значи дека за 45 минути се полни енергија за 400 километри пат.
















