Овој Ситроен беше Масерати со хидропневматика

Ситроен СМ беше спој на елеганција на скап италијански спортски автомобил со хидропневматиката на француската марка. Не постоеше друг автомобил со таков карактер.

Поглавјето на Цитроен СМ, еден од најпрестижните модели во историјата на марката на Андре Ситроен, секогаш се поврзува со ГС, од којшто влече веројатно најдолгата моделска низа на марката, што досега до денешниот Ц4. Двата модели соединуваа напредна технологија и дизајн што се издвојуваше, во две сосем различни класи.

Претходникот на денешните компакти доживеа премиера на големиот салон на автомобили во Женева, на 11-ти март 1970 година.

Ситроен ГС се одликуваше со модерен, аеродинамичен изглед и со напредна хидропневматска амортизација, што од една страна нудеше комфор, а од друга подобра стабилност од конкуренцијата. Уште една одлика беше 4-цилиндарецот со воздушно ладење, прочуен по штедливоста и издржливоста.

Во 1971 година беше додадена комби изведба Брејк, со багажник од 710 литри, наспроти 465 литри на стандардниот модел. Вториот новитет беше ГС Сервис, изведен како доставно возило со три врати.

Во следната година по премиерата, експертите го прогласија Ситроен ГС за европски автомобил на годината. Во тоа време, тој наслов значеше многу. Пазарниот успех не изостана и Ситроен ГС се произведе во 2,5 милиони примероци до 1986 година. Тоа е еден од најкултните модели на Цитроен, чијашто форма се препознава во денешниот Ц4.

Ситроен СМ во Јапонија

Во 1970 година се појави и Ситроен СМ, еден од најиновативните и исклучителни модели, не само за марката, туку и за целата бранша. СМ беше ново толкување на поимот на Гран Туризмо, на италијанско спортско ГТ за отмено патување и моќно возење.

Името СМ доаѓа од Спорт Масерати. Моторот Ве-6 го констурираше токму италијанската марка, којашто во тоа време му припаѓаше на Ситроен. Изгледот е дело на Роберт Опрон, прочуен автомобилски дизајнер од Франција. СМ со изгледот беше далеку пред своето време, футуристички, а пак елегантно. Покрај моторот, уште еден врв на ексклузивниот модел беше хидропневматската амортизација.

Еден од најбрзите модели со преден погон во 1970-те

Моторот Ве-6 од 2,7 (подоцна 3,0 литри) располагаше со 180 КС, со коишто отменото купе возеше 220 километри на час. СМ беше еден од најбрзите модели со преден погон на времето. Аеродинамичноста уште тогаш беше тема во Ситроен, што се забележува и по покриените светла – секако со менување на правецот, заедно со тркалата. Коефициентот и денес е запрепастувачки низок: 0,26.

Освен хидропневматиката, одлика на СМ беше и прогресивното серво управување Дирави, што при повисока брзина ја смалуваше поддршката, заради подобро чувство зад воланот. Со кус преносен однос, доволни беа само две завртувања на воланот, за тркалата да се свртат од крајна лева во крајна десна положба.

[the_ad id=”85764″]

Ситроен ЦМ беше и прв сериски модел во Европа, со волан што се мести по висина и длабочина.

Меѓу неговите најпознати фанови се фудбалерот Јохан Кројф, комичарот Џеј Лено и актерите Берт Рејнолдс и Даниел Крег. Посебен примерок беше изработен за францускиот претседател Џорџ Помпиду.

Моделот остана во производство до 1975 година, но остави трајни траги на автомобилската сцена.

Претходна објаваНа Опел Фронтера покривот ѝ е автокамп
Следна објаваТојота ќе ја произведува ГР Корола во Англија, за да ја извезува во САД

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here