На Опел Фронтера покривот ѝ е автокамп

Комотен автомобил за секој ден и способен СУВ за слободното време. Тоа е пораката што Опел сака да ја пренесе со шаторот што е дел од понудата на прибор и се поставува на покривот на Фронтера.

Опел Фронтера штотуку почна да пристига во продажните салони на најголемите пазари во Европа и сака да веднаш ги покаже сите таленти. Дизајнот одговара, просторноста исто така, а посебно е погодена противвредноста, односно за парите се добива големо парче автомобил.

Сцената е навикната моделите од класата на Фронтера да ги води како урбани, градски СУВ, што сепак е само мал дел од мисијата на овие модели. Опел Фронтера одговара и за луѓе што сакаат да прошетаат во природа, па и да побегнат подалеку од асфалтот и бетонот. За такво сценарио, Туле, познат производител на автомобилски прибор за транспорт, се вклучува во приказната со шатор за на покрив, со име Футхил, англиски за подножје на планина.

Шаторот веќе е додаден на вебсајтот на Опел што е наменет за продажба на прибор. Опел го рекламира како решение за „сите што сакаат на своите куси излети да уживаат уште повеќе во слободата, отсега можат да планираат и тура со преноќување и да откриваат нови цели.“

Германскиот производител на тоа го додава фактот што Фронтера може да се нарача и во изведба со 7 седишта, што го прикажува достапниот, но способен СУВ во уште едно светло.

Засега уште нема службена потврда кога Фронтера ќе почне да се продава на македонскиот пазар, што би требало да се случи во почетокот на есента. Новото издание на моделот со познато име, но сега сместен во друга класа, донесува интели-седишта, посебно изведен простор за телефон, флексибилни ленти за држење таблет и слични практични решенија. Со соборена задна клупа, зафатнината на товарниот простор достигнува 1.600 литри.

Шаторот се поставува врз посебен носач што исто така се нуди како прибор. Тоа што посебно се внимавало при конструирањето на Фронтера е носивоста на покривот до 240 килограми – инаку шаторот не ќе имаше смисол.

Изработен во агава-зелена боја, шаторот одзема простор со должина од 61 сантиметар и дебелина од 24 сантиметри, кога е собран. Тоа е двојно покусо во споредба со останатите шатори за покрив. Авантуристите ќе го искористат слободниот дел од кровниот багажник за да прицврстат велосипеди или можеби кајак.

[the_ad id=”85764″]

Во шаторот се добива површина за спиење 2,13 x 1,19 метар. Прозорците се заштитени со мрежа. Поставувањето е лесно и брзо, за пристап се користат скалила. Самото платното е квалитетно и издржливо, што секако ја оправдува и цената: 2.446,52 евра во Германија, плус 298,12 евра за алуминиумски носач.

Претходна објаваМерцедес и БМВ се тркаат за електричниот пазар, секој со различна стратегија
Следна објаваОвој Ситроен беше Масерати со хидропневматика

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here