Тесла не се откажува од проширување на фабриката во Германија и покрај слабата продажба

По замирањето на продажбата во почетокот на годинава, што е предизвикано поради воведувањето на освеженото моделско годиште на Модел Ипсилон, фабриката на Тесла во Гринхајде, близу Берлин, повторно ќе произведува по 5.000 примероци од својот електричен СУВ секоја недела, изјави Александер Ридерер, кој е одговорен за одвивањето на бизнисот на Тесла во Германија.

Тесла не се откажува од планот да ја удвои продукцијата и да продолжи со проширување на логистиката и на погоните за производство на батерии, напоменува Ридерер.

„Во моментов се подготвуваме за да продолжиме со проширувањето на фабриката,“ изјави Ридерер за време на настан од браншата што беше одржан во германското бањско одморалиште Бад Заров.

Продажбата на Тесла во Европа доживеа силен пад, откако извршниот директор Илон Маск стана советник на администрацијата на Трамп и застана во поддршка на крајно-десничарските политички партии, меѓу другото и на германската политичка сцена.

Во првите четири месеци, производителот од САД продаде во Европа 62.313 возила, наспроти 101.677 возила во истиот период лани. Модел Ипсилон, единствен модел што се произведува во Гринхајде, постигна најдобра продажба во гамата, со 35.298 приемроци, наспроти 68.333 возила лани.

Работниците на Тесла во Германија бараат повеќе паузи за нужда

Фабриката во Гринхајде уште од почеток предизвикува големо незадоволство. Активистите за животна средина обвинуваат дека фабриката троши премногу вода и претставува закана за средината.

Работниците на Тесла во Германија, во почетокот на годинава побараа да им се подобрат условите за работа, жалејќи се дека се преоптоварени и имаат премалку паузи за одмор. Активистите напоменуваат дека нивните обиди да ја оштетат инфструктурата околу фабриката се со цел да се спречи нејзино проширување.

Тесла ја отвори фабриката во Гринхајде во време кога домашните производители, предводени од Фолксваген и БМВ, се почувствуваа загрозени од засилената конкуренција и од брзиот технолошки напредок.

Фолксваген и добавувачите од рангот на Роберт Бош, ЗФ и Континентал, се меѓу неколкуте германски производители, што ги намалија своите капацитети во Германија, со цел да ги скусат трошоците и да се обранат од влијанието на кинеските производители, што нудат пониска цена.

Политиката на Маск „не е причина да престане купувањето Тесли“

Работниците на Тесла не треба да го плаќаат данокот за поларизирачкото вмешување на Маск во политиката, кажа министер во владата на сојузната покраина Берлин-Бранденбург, каде што се наоѓа фабриката на Тесла.

[the_ad id=”85764″]

„Сакам да порачам, луѓето да направат разлика меѓу одличен производ што 11.000 лица го произведуват во Германија, од коишто повеќето потекнуваат од регионот и работат тука, и политичките ставови на еден од акционерите во оваа фабрика,“ изјави во интервју министерот за економија на Берлин-Бранденбург, Даниел Келер.

„Целата автомобилска индсутрија во Германија во моментов се реструктурира“, кажа Келер зад кулисите на настанот во Бад Заров. „Ценам дека треба да бидеме благодарни што имаме еден од лидерите во браншата, што не е заглавен со стара технологија.“

Претходна објаваТрамп со повластените царини за британски автомобили ги оштети домашните компании што произведуваат во Канада и Мексико
Следна објаваКако помина Опел Мока со три цилиндри на супертестот на Ауто Билд

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here