Волво го врати името Икс Ц 70 за својот хибрид со електричен досег до 200 километри

Новиот модел со приклучен хибриден погон ќе постигнува речиси трипати подолг досег при електрично возење во споредба со останатите модели од својата понуда. Досегот кај луксузниот СУВ Икс Ц 90 изнесува 71 километри.

Икс Ц 70 ќе започне да се продава прво во Кина, каде што Волво ќе почне да прима нарачки подоцна во текот на годинава. Во зависност од побарувачката, можно е моделот да се понуди и на останатите пазари, соопшти Волво на 7-ми мај.

Забавува продажбата на Волво во Кина

Икс Ц 70 ќе му донесе нов залет на Волво на кинескиот пазар, каде што во првите три месеци се продадоа за 12 проценти помалку возила, односно точно 33.333 возила. Слаба точна во продажбата е електричниот луксузен ван ЕМ 90, што Волво го нуди само во Кина и што до април се продаде во само 168 примероци.

Расте побарувачката за приклучни хибриди во Кина. Во март во земјата беа продадени за 39% повеќе приклучни хибриди, односно 334.000 возила со овој погон.

Икс Ц 70 е прв модел на Волво што е конструиран врз скалестата модуларна платформа на концернот Џили.

Оваа платформа е развиена заеднички од Волво и матичниот концерн Џили. Таа е едно од тежиштата во стратегијата на старо-новиот извршен директор Хакан Самуелсон, којшто бара зајакнување на придобивките од соработката на марките во концернот, вклучувајќи ги Зикр, Линк и Ко, Полстар и Лотус.

Самуелсон на 1-ви април се врати на местото на шеф на Волво и побара бизнисот на Волво во Кина да добие поголема самостојност, верувајќи дека геополитичките предизвици ќе ги условат производителите на автомобили повеќе да се фокусираат посебно на секој регион.

Волво опишува дека закосената линија на покривот и нагласените раменици создаваат цврста, а пак динамична силуета.

„Икс Ц 70 претставува стратешки модел во нашиот сегмент на приклучни хибриди со продолжен досег, како совршен премин кон целосна електрификација,“ порачува Самуелсон во соопштението. „Тоа ни овозможува да одржуваме и развиваме балансирана понуда од модели, додека во исто време нудиме мошне привлечна алтернатива за клиентите што уште не се подготвени за целосно електрични автомобили. Тоа е воедно пример за регионализација, за приспособување кон потребите на локалните пазари.“

Волво не соопшти каде ќе се произведува Икс Ц 70, меѓутоа Самуелсон нагласи дека возилата треба да се произведуваат таму каде што се продаваат, што значи дека Кина е прв избор за производство. Тоа ќе биде проблем доколку постојат планови за новиот СУВ да се продава во САД, каде што треба да се плати висока царина за увоз од Кина.

Друга можност е Бусан, во Јужна Кореја. Полстар 4, СУВ од средна класа, треба кон завршетокот на годинава да стартува со производство во фабриката што е во сопственост на Рено Кореја Моторс.

Џили и Рено со години негуваат соработка, којашто ја опфаќа и заедничката компанија Хорс Пауертрајн, што е специјализирана за развој и производство на мотори со внатрешно согорување. Оваа заедничка инвестиција на Рено и Џили неодамна објави дека развила нов концепт на погон, со којшто електричните возила се претвораат во хибрид.

[the_ad id=”85764″]

Со новиот Икс Ц 70 се враќа на сцена името што Волво почна да го користи во 2003 година. Пред тоа, изведбите на комбито В70 за теренско возење носеа ознака В70 Икс Ц. По 2016 година, комбито од серијата 70 престана да се произведува, за потоа да се понудат В90 и В90 Крос Кантри.

Претходна објаваПроизводителот на Ајфон ќе изработува електрични автомобили за Мицубиши
Следна објаваТоп 10 најпродавани модели во Европа по сегменти (Дел 4): Премиум модели од градска до луксузна класа

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here