
Ауди ги разгледува можностите да произведува возила во три фабрики во САД, главно користејќи ги фабриките на матичниот концерн Фолксваген.
Геманскиот производител на пазарот во САД продава возила што ги увезува од Мексико и Европа, што сега претставува проблем, откако на 3-ти мај стапија на сила новите царини во висина од 25 проценти.
За да ги избегне царините, Ауди планира во фабриката на Фолксваген во Чатануга да го произведува електричниот СУВ-модел од компактната класа Ку-4 Е-Трон или неговиот наследник. Ку-4 Е-трон ја дели МЕБ-платформата со Фолксваген ИД.4, којшто се произведува таму.

Уште еден можен модел за производство во САД е електричниот СУВ-модел Ку-8 Е-Трон, што Ауди првично планираше да го произведува во Мексико. Луксузниот Ку-8 веројатно ќе се произведува во фабриката на Скаут, марка на Фолксваген, во Колумбија. Оваа фабрика уште е во изградба.
Ауди бара трета локација на којашто ќе го произведува електричниот кросовер Ку-6 Е-трон.
Од Ауди не е пристигната официјална потврда за плановите за производство во САД. Претставник од компанијата изјави за европскиот Аутомотив Њуз дека САД е „третиот глобален столб“ во стратегијата за раст на Ауди на светскиот пазар, покрај Европа и Кина.
„Сакаме да го засилиме нашето присуство во САД,“ изјави претставникот. „Во моментов разгледуваме различни сценарија. Убедени сме дека во Групацијата ќе донесеме решение околу посебните детали пред завршетокот на годинава.“
При објавувањето на деловните резултати на 5-ти мај, директорот за финансии на Ауди, Кирген Ритерсбергер, кажа дека компанијата планира да воведе 10 модели во САД и дека годинава ќе биде решено во кои фабрики ќе се произведуваат тие модели.
Каде се произведуваат автомобилите, што Ауди, БМВ, Мерцедес, Фолксваген, ги продаваат во САД?
Останатите германски производители исто така имаат планови да го засилат производството во САД.
Мерцедес-Бенц објави дека планира да произведува уште еден модел во Таскалуза, Алабама, почнувајќи во 2027 година. Според понавачи, тоа ќе биде СУВ-моделот од средна класа ГЛЦ.
[the_ad id=”85764″]
ГЛЦ е втор најпродаван модел на Мерцедес во САД.
Директорот за финансии на Мерцедес, Харалд Вилхелм, во февруари кажа дека царините на Трамп ќе му нанесат штета од 1 милијарда долари на Мерцедес.















